НЕ Е ВАЖНО САМО ШТО ЈАДЕТЕ, ТУКУ И СО КОГО! Редовното јадење во самотија носи здравствени ризици
Австралиските нутриционисти, кои анализирале податоци од 24 студии спроведени во 10 земји, заклучиле дека редовното јадење во самотија носи здравствени ризици, додека заедничките оброци со други има заштитен ефект.
Кога станува збор за храна, често зборуваме за тоа што јадеме и што треба да имаме повеќе на нашите чинии – повеќе зеленчук, квалитетни протеини, влакна и помалку индустриски преработена храна. Но, сè повеќе научни истражувања покажуваат дека начинот на кој јадеме и, можеби уште поважно, со кого седиме на масата е подеднакво важен.
Сè поголем број меѓународни студии, вклучително и голема мета-анализа што ќе биде објавена во февруари 2026 година во научното списание Appetite, укажуваат на изненадувачки моќен фактор на здравото стареење – заедничките оброци. Австралиските нутриционисти, кои анализирале податоци од 24 студии спроведени во 10 земји, заклучиле дека редовното јадење во самотија носи здравствени ризици, додека заедничките оброци со други има заштитен ефект.
Данок од јадењето во самотија
Анализата покажала дека луѓето кои често јадат сами се изложени на поголем ризик од три меѓусебно поврзани проблеми: полоша исхрана, ненамерно губење на тежината и зголемена слабост на организмот.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.