НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ БИДЕ МЛАД, ОСОБЕНО ДЕНЕС! Треба да земеме предвид некои работи пред да ги критикуваме помладите генерации
Тинејџерите се секогаш тинејџери. Тоа што ние денес се жалиме на однесувањето на младите не значи дека во минатото не сме се однесувале потполно исто или уште полудо, ако ме прашувате мене. Единствената разлика е што нашите грешки и глупости се заборавени. Секоја глупава или несоодветна работа што ја прават денешните тинејџери може да се документира и да се сподели на социјалните мрежи
Ако ги памтите песните од „Прљаво казалиште“, веројатно ѝ припаѓате на генерацијата Икс (X), односно, луѓето родени помеѓу 1960-1980. година. Меѓудругите песни на овој хрватски бенд голем хит беше и онаа: „Сѐ е лесно кога си млад, секое одело добро ти стои, секоја рана помалку боли“ (Све је лако кад си млад, свако одјело добро ти стоји, свака рана мање боли… о да о да о да).
Така ни велеа и родителите, мислам, нам, на генерацијата Икс.
Ние пак сега го мислиме истото за нашите деца.
Како тинејџери сигурно често сте наидувале на критики од постарите генерации, дека сте премногу нечувствителни или премногу чувствителни, дека сте мрзливи и ништо не фаќате дома, дека многу шетате, пушите, пиете, спиете. Да, родителите имаат секогаш толку многу забелешки и тие се најчесто сосема на место.
Иако секоја генерација мисли дека е подобра од таа по неа и дека децата и младите во нивно време биле илјада пати подобри, тоа сепак не е баш така. Ние, генерацијата Икс (а уште повеќе од нас, го мислеа за нашата генерација истото нашите родители, Бумерите) можеме едноставно да си мислиме дека на денешните деца, без оглед дали се тоа милениумци, генерација З или генерација Алфа, не може ништо да им недостасува? Имаат загарантирана храна, облека и покрив над глава, најнови мобилни телефони и технологија, а сепак цело време се жалат за нешто.
Тинејџерските години сами по себе се многу предизвикувачки период од животот, но од неколку многу едноставни причини, да се биде тинејџер денес е многу потешко и попредизвикувачко отколку пред неколку децении кога ние сме биле тинејџери (или кога нашите родители биле тинејџери).
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.