НЕ Е ДОВОЛНО БРИШЕЊЕ РАЦЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА Научете ги децата на хигиена со вода и сапун!

Децата треба да се научат на правилна хигиена и навики за миење раце уште од рана возраст. Кога ние бевме деца, го знаевме редот, од надвор, право на миење раце. Ама со вода и сапун, а не со влажни марамчиња или мокри крпи

1

Во периодот на корона, целиот свет се најде во специфична здравствена ситуација, каде што здравјето на сите луѓе можеше да се зачува со правилно и често миење на рацете. Правилното и често миење на рацете нè штити од многу заразни болести. Со миење на рацете со сапун и вода, се заштитуваме себеси и нашите најблиски. Се поставува прашањето, дали научивме досега правилно да правиме таква „обична“, секојдневна активност – миење на рацете?

Секој треба да ги мие рацете по пристигнувањето дома, пред и за време на подготовката на храна, особено при подготовка на намирници, пред и по јадење, пред и по користење на тоалет, по задачи за време на кои рацете се валкаат, по контакт со домашни миленици. Секој што кива и кашла треба да ги мие рацете многу почесто, по секоја употреба на марамче или допирање на носот и устата.






На родителите им се препорачува да ги мијат рацете пред секое земање на своето бебе, особено пред и по менување на пелена. Мајките треба да ги мијат рацете пред секое хранење или подготовка на формула. Новороденчињата и децата исто така треба да ги мијат рацете.

Децата треба да се научат на правилна хигиена и навики за миење раце уште од рана возраст.

Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини