НЕ, ДОБРИТЕ МАНИРИ НЕ ИЗЛЕГОА ОД МОДА Ова се правила кои сите деца треба да ги знаат, но нема кој да ги подучи
Кажи „те молам“, „благодарам“, „извинете“, учтиво поздрави ја сосетката, врати ги работите на свое место откако ќе се послужиш со нив – списокот со правила за добро однесување е долг. Сепак, се чини дека денешните деца малку знаат за манирите и бонтонот.
Често за децата знаеме да кажеме дека се уште мали и дека има време да научат, а подоцна се чудиме поради тоа што тинејџерите се нељубезни и незаинтересирани. Но, покрај тоа какво општество градиме и на какви млади ќе им остане светот, треба да имаме предвид дека манирите се корисни и за нашите деца и за нивниот развој.
Зошто се важни манирите?
Важен дел од воспитувањето на детето е тоа што ние како родители го учиме на добри манири. Манирите се важни затоа што ни помагаат да бидеме поуспешни во животот и истовремено да станеме дел од академското општество. Од друга страна, немањето основни манири негативно влијае врз децата во сите области од нивниот живот. Па, како можеме да ги имплементираме во секојдневниот живот и да воспитаме љубезни и пристојни луѓе?
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.