НЕ ДЕМНЕ ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ОД ХРАНАТА ШТО ЈА ЈАДЕМЕ Микропластиката останува во нашиот организам во големи количини
Вечерата од пластична амбалажа имала повеќе од 200.000 пластични честички во себе. Станува збор за парчиња помали од милиметар кои се создаваат со распаѓање, а се невидливи за око. Научниците предупредуваат дека секојдневното консумирање храна од пластична амбалажа акумулира околу 10 грама пластика во телото.
Миризливо печење, компири, шарен зеленчук. Звучи како совршена празнична вечера. Малкумина ја гледаат опасноста во оваа чинија. Дури и кога ќе ја подготвите храната дома, не сте безбедни. Ако намирниците доаѓаат со пластична амбалажа, тогаш ве демне опасност во вид на микропластика која ја има во храната, а потоа останува и во нашиот организам во големи количини.
„Најдовме седум пати повеќе микропластика во храната од пластична амбалажа отколку во храната која доаѓа без пластика“, вели д-р Феј Кусеиро од Универзитетот во Портсмут.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.