📽 НАВАЛНИ ТРЕБАЛО ДА БИДЕ ТРАМПАН ДЕН ПРЕД ДА УМРЕ? Еве што вклучувал планот за кој Путин се предомислил

Преговорите за размената влегле во завршна фаза на 15 февруари, но следниот ден затворот во Карп на Арктикот каде лежеше Навални соопшти дека на 47-годишниот руски опозиционер „му се слошило по прошетка“.

2,582

Алексеј Навални требало да биде ослободен во размена на затвореници токму во деновите кога умрел, тврди неговата сојузничка Марија Певчих, пишува Би-Би-Си. Според неа дека рускиот опозициски лидер требало да биде разменет за Вадим Красиков, руски платен убиец кој отслужува доживотна казна затвор за убиство во Германија.

Двајца американски државјани кои моментално се држат во Русија, исто така, требало да бидат дел од договорот, тврди госпоѓа Певчих во видео кое беше ојавено на каналот на Навални на Јутјуб.






Преговорите за размената влегле во завршна фаза на 15 февруари, но следниот ден затворот во Карп на Арктикот каде лежеше Навални соопшти дека на 47-годишниот руски опозиционер „му се слошило по прошетка“.

Марија Певчих е претседателка на Фондацијата за борба против корупцијата (ФБК) на Навални. Таа вели и дека преговорите за размената се воделе цели две години, односно од почетокот на руската окупација.

Во разговорите за размена на затвореници биле вклучени и американски и германски претставници. Првиот конкретен план за размената бил веќе готов во декември.

– Процесот конечно резултираше со конкретен план за размена на затвореници во декември – вели таа на снимката.

Кој е Вадим Красиков за кој требало да биде разменет Навални? Красиков беше прогласен за виновен за пукање во глава на поранешниот командант на чеченските бунтовници Зелимхан Кангошвили од непосредна близина во Германија во 2019 година.

Двајца американски државјани кои моментално се држат во Русија, исто така, требало да бидат разменети. Марија Певчих не ги именува лицата во видеото.

Според неа, рускиот претседател Владимир Путин се предомислил во последен момент. Таа рече дека тој „не може да толерира Навални да биде на слобода“ и бидејќи постоел „начелен договор“ за ослободување на Красиков, Путин решил „само да се ослободи од чипот за пазарење“.

– Путин полуде од омразата кон Навални. Тој знае дека Навални можеше да го победи – вели госпоѓа Певчих.

За еден час по објавувањето нејзиното имаше стотици илјади прегледи.

Портпаролот на германската влада во понеделникот рече дека владата „во овој момент не може да ги коментира извештаите“ за планирана размена на затвореници.

Кремљ сè уште не реагираше на тврдењата изнесени од г-ѓа Певчих, но портпаролот на претседателот Путин, Дмитриј Песков, претходно изјави дека наводите за вмешаност на владата во смртта на Навални се „апсурдни“.

Поврзани содржини