НАУТОТ НАШ НАСУШЕН… Леблебиите содржат двојно повеќе железо од истата количина на месо
Наутот е многу добар извор на железо, дури и варениот наут содржи двојно повеќе железо од еднаква количина на месо. Висока е и количината на калциум во наутот, а богат е и со протеини.
Наутот (cicer arietinum) е вид растение од семејството на грав и потекнува од Блискиот Исток. Постојат две сорти наут и тоа деси и кабули. Сортата деси се карактеризира со помало зрно, со темно кафеава боја, додека кабули има поголемо зрно со светло кафена нијанса. Многу лесно се наоѓа, а во некои сегменти е и похранлив од спанаќот.
Најпопуларни специјалитети се фалафелот и хумусот
Растението наут може да порасне и до два метра. Има мали, пердувести лисја и бели или црвеникаво-сини цветови. Неговите семиња се слични на соја или сув грашок. Има светло кафена боја и се користи како чорба или како додаток на друг зеленчук за приготвување јадења. Незрелите семки се лупат од мешунките и се подготвуваат како млад грав или грашок. Во источните земји наутот го мелат во брашно и од него печат одлични пецива или во одредена пропорција го мешаат со пченично брашно и печат посебен и многу баран леб. Најпопуларните ориентални специјалитети од наут се исклучително вкусни и здрави – фалафел и хумус.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.