НАУТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ХОЛЕСТЕРОЛОТ, ЦРН ГРАВ ЗА ВОСПАЛЕНИЈА Научно докажано влијанието на леблебиите врз маснотиите во крвта

Наутот и црниот грав се богати со диететски влакна, протеини од растително потекло и биоактивни соединенија, а лесно се консумираат

73

Јадењето една шолја варен наут дневно може значително да го намали високиот холестерол, според ново истражување презентирано на конференцијата NUTRITION 2025 во Орландо.

Студијата во траење од 12 недели ја спровеле истражувачи од Illinois Institute of Technology и ги истражувала ефектите од консумирањето една чаша наут или црн грав дневно кај 72 возрасни лица со предијабетес.






Наутот во секојдневната исхрана влијае на високиот холестерол

Учесниците биле распределени по случаен избор да јадат наут, црн грав или ориз (кој бил користен како контрола) покрај нивната редовна исхрана. Наутот и црниот грав биле избрани затоа што се богати со диететски влакна, со протеини од растително потекло и биоактивни соединенија и лесно се консумираат, велат истражувачите.

На почетокот, средината и крајот на студијата биле земани примероци од крв за да се следат промените во холестеролот, воспалението и нивото на шеќер во крвта.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини