НАУКАТА ПОТВРДИ, СЛОВЕНИТЕ И ТОА КАКО СЕ МЕШАЛЕ СО ДОМОРОДЦИТЕ Мигрирале долго и без да војуваат, вели нова опсежна студија

Според Марио Новак од Институтот за антропологија во Загреб „овие резултати потврдуваат дека Словените го замениле дел од населението во регионот, но и се мешале со него“.

744

Словените ја освоиле Европа без меч, но со корен. Тие се мешале со локалното население, открива студија на научници од Германија, јави Индекс. Статијата дава и интересна можност за геномот на Хрватите кој, според истражувањата е до 60% словенски, односно до 30% од домородното население.

Наместо војски, Словените воделе семејства и родови, создавајќи силни заедници што ги промениле демографијата и културата на цели региони.






Дошле од регионот меѓу Дњестар и Дон?

Научници од Германија, Австрија, Полска, Чешка и Хрватска анализирале повеќе од 550 древни геноми и ги објавиле најпрецизните досега наоди за потеклото и ширењето на Словените. Студијата на HistoGenes покажала дека Словените не само што мигрирале, туку и активно ги преобликувале општествата на северот и југот на Европа.

– Нашите резултати нудат први конкретни индиции за формирањето на словенското потекло и укажуваат на нивната почетна област некаде помеѓу Дњестар и Дон – рече Јоша Грецингер од Институтот „Макс Планк“ во Лајпциг.

Во студијата се заклучува дека „масовната миграција, а не само културниот трансфер, стоела во сржта на експанзијата“.

Семејства наместо армии

За разлика од Хуните или Готите, Словените не воделе освојувачки војни. Наместо тоа, во источна Германија создавале сложени роднински мрежи, додека на Балканот се мешале со локалните заедници. Генетските податоци покажуваат дека миграциите не ги предводеле мажи-војници, туку цели семејства.

– Словенската експанзија не беше едно движење на еден народ, туку мозаик од различни групи – рече Зузана Хофманова од Универзитетот Масарик во Брно.

„Во Хрватска, дури 30% од ДНК потекнува од локално население“, открива анализата.

Хрватите со словенско потекло до 60%

Највпечатливото археолошко и генетско откритие било направено кај локалитетот Велим, крај Задар. За разлика од другите локации каде Словените ги кремирале мртвите, Велим содржи сочувани скелети од 7 век.

– Поединците погребани тука пред повеќе од илјада години веќе биле многу слични на денешните Хрвати – изјави Грецингер.

Според Марио Новак од Институтот за антропологија во Загреб „овие резултати потврдуваат дека Словените го замениле дел од населението во регионот, но и се мешале со него“.

Тој додаде дека околу 50-60% од генетското наследство во Хрватска е словенско.

Спонтано мешање, нови јазици и народи

Нивната сила не била во насилството, туку во флексибилноста. Валтер Пол од Австриската академија на науките истакна дека Словените населувале нови територии преку „демична дифузија“, или спонтано и долгорочно придвижување на семејства без освојувачки порив.

На северот замениле целосно население, на југот коегзистирале. Така, во Централна и Источна Европа се формирале култури и народи со комплексна генетска и јазична структура – мозаик што трае до денес.

Поврзани содржини