НАУКА И ПСЕУДОНАУКА ЗА ДЕЖА ВУ Зошто се јавува чувството дека ова веќе сме го преживеале?

Науката и псевдонауката имаат различни гледишта на овој феномен, некои го објаснуваат и дека е поврзано со минатите животи и искуствата од нив.

139

Колку пати сте имале чувство дека веќе сте виделе, почувствувале или кажале нешто? Чувствувате дека доживувате нешто по втор пат? Дали има логично објаснување за овој феномен?

„Дежа ву“ (фр. „Веќе видено“) или промнезија (грчки „претчувство“) претставува силен впечаток дека човекот веќе видел нешто што всушност го гледа за прв пат. Сигмунд Фројд сметал дека новиот впечаток потсетува на претходно, заборавено или потиснато искуство. Парапсихолозите веруваат дека ова е искуство кое потекнува од минатиот живот, додека повеќето научници само ќе ги кренат рамениците кога ќе се соочат со ова прашање.






Сепак, постојат научници кои се на иста страна кога станува збор за хипотезата дека „дежа ву“ се потпира на емоционални реакции кои се јавуваат како одговор на слични настани. Други сметаат дека се работи за временска разлика, односно јаз помеѓу моментот на доживување, преживување и паметење.

Крис Малин, британски професор кој ја проучува меморијата, смета дека „дежа ву“ настанува како последица на мешање, односно конфузија во меморијата.

Втората хипотеза вклучува втора мозочна грешка; овој пат, проблемот е во нашата меморија, вели Ен Клири, професорка по когнитивна психологија на Државниот универзитет во Колорадо. Нешто во нова ситуација го активира сеќавањето на слично искуство од минатото, но нашиот мозок не успева да се сети.

Поврзани содржини