НАУЧНИЦИТЕ „ПО ГРЕШКА“ ОЖИВЕАЈА ВИРУС СТАР 48.500 ГОДИНИ Ова нѐ чека кога ќе се стопат мразовите на Сибир и на Антарктикот!

Зошто научниците направиле олку ризично нешто во лабораторија? За да нѐ предупредат што точно значи кога некој ќе каже дека Арктикот или уште поголемиот по површина Антарктик на Јужниот Пол, ќе станат „гола“ вода. Кога овие мразови ќе се стопат, а тие веќе брзо се топат поради климатските промени, вирусите ќе бидат на слобода.

1,527

Научниците ја отворија пандорината кутија со оживување на древен вирус стар 48.500 години.  Наречен е Пандоравирус и е дел од седум други вируси кои некогаш беснееле по планетата. Бил замрзнат заедно со куп други вируси во мразот на Сибир – а сега, години подоцна, тој мраз се топи затоа што температурите неповратно растат, а човештвото продолжува да ја загадува животната средина, пишува ИФЛ Наука.

Зошто научниците направиле олку ризично нешто во лабораторија? За да нѐ предупредат што точно значи кога некој ќе каже дека Арктикот или уште поголемиот по површина Антарктик на Јужниот Пол, ќе станат „гола“ вода. Кога овие мразови ќе се стопат, а тие веќе брзо се топат поради климатските промени, вирусите ќе бидат на слобода.






Групата истражувачи, која вклучува научници од Русија, Франција и Германија, претходно успеа да оживее уште два антички вируси стари 30.000 години. Но, новиот оживеан тип веројатно е рекорд.

– 48.500 години е светски рекорд – изјави за ЊуСајентист Жан-Мишел Клавери, член на тимот и истражувач на Универзитетот Екс-Марсеј во Франција.

Неговиот тим проучувал вкупно седум антички вируси во својата најнова студија. Групата објави претпечатење на нивната работа претходно во ноември.

– Постои реална опасност – рече Клавери, додавајќи дека „секој ден излегуваат бактерии и вируси“.

Сепак, засега е невозможно прецизно да се одреди нивото на потенцијална опасност, смета тој.

Русија предупреди за опасноста што може да настане како резултат на континуираното одмрзнување на вечниот мраз предизвикан од климатските промени. Одмрзнувањето на почвата што е длабоко замрзнато со векови, па дури и милениуми, сè уште може да содржи „некои одржливи спори на бактерии и вируси „зомби“ , изјави за РТ во 2021 година Николај Корчунов, висок руски претставник во Арктичкиот совет.

Москва соопшти дека смета дека опасноста е доволно сериозна за да започне проект за биосигурност и ги повика сите други земји на Арктичкиот совет да му се придружат. Освен Русија, меѓувладината организација ги вклучува САД, Канада, Данска, Норвешка, Исланд, Финска и Шведска.

 

Поврзани содржини