📽 НАУЧНИЦИТЕ „ОЖИВЕАЈА“ ВОЛК ОД ЛЕДЕНОТО ДОБА Со новата научна метода еден ден може да бидат вратени и мамутите
Како успеале научниците да ги „оживеат“ волците? Тие го склопиле геномот од два фосила на заб стар илјадници години пронајден во Охајо и од коска стара 72.00о години пронајдена во Ајдахо. Методот се вика итеративно склопување на геном и е новина во генетиката. Гените потоа биле клонирани и вбризгани во јајце-клетки на сурогат-мајки од други видови волци.
Компанијата „Колосал бајосаенсис“ од Далас успеа да направи нешто налик од научнофантастичен филм или од „Игра на Троновите“. Биотехнолошката компанија оживеа вид на волк кој изумрел во Леденото доба, односно пред 12.500 години.
Засега, компанијата не ги пушта во дивина трите младенчиња кои ги произведе од видот Страшен волк. Меѓу нив се Ромул и Рем, двете машки и женката по име Калиси. Тие сега живеат во специјален резерват од 800 хектари. Во леденото доба овие волци биле поголеми од сивите волци и се хранеле со бизони.
– Колку повеќе од ова да се гордеам со нашиот тим? Ова е првиот од многуте докази дека нашата технологија за деизумирање навистина функционира – рече основачот и извршен директор на компанијата, Бен Лам.
Крајната цел на „Колосал бајосаенсис“ е да го вратат во живот волнениот мамут.
SOUND ON. You’re hearing the first howl of a dire wolf in over 10,000 years. Meet Romulus and Remus—the world’s first de-extinct animals, born on October 1, 2024.
The dire wolf has been extinct for over 10,000 years. These two wolves were brought back from extinction using… pic.twitter.com/wY4rdOVFRH
— Colossal Biosciences® (@colossal) April 7, 2025
Како успеале да ги оживеат волците? Тие го склопиле геномот од два фосила на заб стар илјадници години пронајден во Охајо и од коска стара 72.00о години пронајдена во Ајдахо. Методот се вика итеративно склопување на геном и е новина во генетиката. Гените потоа биле клонирани и вбризгани во јајце-клетки на сурогат-мајки од други видови волци.
Анализите покажале дека страшниот волк дели дури 99,5 отсто ДНК со сивиот волк. Сепак, откриени се и специјални изумрени генетски варијанти поврзани со посилни коски и мускули, подесени сетила и густо бело крзно – совршено за ледената доба.
– Истите овие технологии може да помогнат да се спасат многу загрозени видови во светот. Ова е огромен чекор напред во областа на генетскиот инженеринг и одличен пример за тоа како биотехнологијата може да го зачува – и обнови – животот – вели д-р Кристофер Мејсон, советник во „Колосал“.