НАУЧНИЦИТЕ КРЕВААТ РАМЕНИЦИ Зошто исчезнува соленото езеро Туз во Турција? (ФОТО)

Научниците се обидуваат да сфатат зошто езерото по 2000 година станало толку чувствително на суша - пред тоа, дури и во сушните години, имало барем мала количина вода.

865

Во централниот дел на Анадолија се наоѓа езерото Туз, кое некогаш беше второ по големина во Турција. Неговиот салинитет изнесува 340 проценти, поради што и го носи името „Tuz Golu“, што во превод од турски значи „солено езеро“.

Туз се „храни“ од два тока, како и од подземни и површински води, а водата од езерото не истекува. Во најголемиот дел од годината езерото е многу плитко: до 0.4 метри.






Во текот на зимата, дел од солта се раствора во слатката вода, која преку дождот влегува во езерото. До август, како што испарува езерото, во него се создава 30 сантиметри дебел слој од сол. Тоа на Турција ѝ овозможува таму да инсталира три рудници за сол, кои произведуваат дури 63 отсто од солта што ја троши земјата.

Меѓутоа, од година во година, вода во езерото има сè помалку и помалку, а научниците велат дека причината лежи во честите и интензивни суши.

Експертите од Егејскиот универзитет одлучиле детално да ги проучат промените кои се случиле на езерото Туз во текот на минатите децении, користејќи сателитски фотографии кои се направени од 1985 до 2016 година.

Резултатите од истражувањето откриле поразувачка динамика.

До 2000 година, езерото Туз било полно со вода. Од 1985 година, дури и во најжешките месеци, водата заземала дури повеќе од 2о отсто од површината. Исклучок биле 1992 и 1994 година за кои се испоставило дека биле посебно сушни, но и тогаш имало доволно вода за да покрие околу 16 отсто од површината. Во највлажните години, односно во 1988 и 1996 година, оваа цифра изнесувала 93 отсто и 58 отсто.

Исто така, постојаното присуство на вода во југозападниот и во западниот дел на езерото ги привлекло фламингосите кои таму се хранеле и се размножувале.

Но, острите промени на езерото започнале да се случуваат по 2000 година и во текот на следните 16 години водата зафатила помалку од 20 отсто од површината. Во 2008 и во 2016 година, езерото потполно пресушило и од тогаш никако не може да си го врати својот претходен капацитет.

Следната тешка суша во 2019 година повторно ги намалила резервите на вода, а во јули 2021 година езерото останало без ниту една капка вода, а тоа довело до масовно угинување на птиците.

Научниците се обидуваат да сфатат зошто езерото по 2000 година станало толку чувствително на суша – пред тоа, дури и во сушните години, имало барем мала количина вода.

Авторите на студијата не ја исклучуваат можноста ова да се случува поради прекумерно користење на подземните и површинските води со кои се храни езерото. Па така, експертите се согласни дека иднинат ана ова езеро е прилично неизвесна.

Поврзани содржини