НАТО НЕ JA РАСПАДНА ЈУГОСЛАВИЈА Наместо за Украина, вчера во Брисел се зборувало за поранешната држава
Прашањето за распадот први го поставиле Русите, а тогаш тонот станал емотивен. Тие тврделе дека НАТО ја разби Југославија со своите бомбардери, што за нив е доволен доказ дека Алијансата била агресивна. Но, ставот на Западот е дијаметрално спротивен.
„Целата идеја дека НАТО е виновен за распадот на Југославија е погрешна. Требаше да се запрат злосторствата, прво во БиХ, а потоа и во Косово. Но, во тој момент Југославија веќе се распадна“.
Вака изјавил Јенс Столтенберг, генсекот на НАТО, вчера во Брисел на новинарски прашања по жестоките преговори со Русија, кои наместо за Украина, се претвориле во кавга за распадот на некогашната балканска федерација, пишува Б92 повикувајќи се на извори од хрватските медиуми.
Прашањето за распадот први го поставиле Русите, а тогаш тонот станал емотивен. Тие тврделе дека НАТО ја разби Југославија со своите бомбардери, што за нив е доволен доказ дека Алијансата била агресивна. Но, ставот на Западот е дијаметрално спротивен:
– Неколку сојузници кои беа дел од поранешна Југославија многу јасно кажаа дека Југославија не се распадна поради НАТО, туку поради внатрешни причини, внатрешни конфликти. НАТО дојде подоцна, за да спречи злосторства – рече Столтенберг пред медиумите по средбата зад затворени врати.
Хрватите пробале да го смират тонот?
На руските обвинувања први одговориле Хрватите и пробале да го смират тонот. Горовел Марио Нобило, хрватскиот амбасадор во НАТО. Според изворите, Хрватите тврделе дека Русија сепак може да биде конструктивен играч во меѓународната безбедносна политика. Било изјавено дека за време на распадот на Југославија, Русија била конструктивна и активно соработувала со западните сили.
Но, кавгата пак се разгорела кога Хрватите потенцирале дека распоредувањето на руски војници на руска територија во близина на границата со Украина сè уште ги остава сојузниците цврсто убедени дека Русија се подготвува за голема инвазија,
По нив, говореле и претставници од Словенија и од Црна Гора, што го потврди и самиот Столтенберг, повторно околу распадот на Југославија.
НАТО ќе се брани, не беа прифатени руските барања
Триесетте сојузници на НАТО во Брисел одлучно ги одбиле барањата на Москва за писмена гаранција дека Алијансата нема да се проширува на исток, односно дека ќе ги врати своите граници кои ги имаше во 1997 година, што би значело, да се повлече од Источна Европа.
Сојузниците ја потврдија политиката на отворени врати на НАТО и правото на секоја нација, во случајов Украина, да избира свои безбедносни аранжмани.
– Сојузниците јасно ставија до знаење дека нема да се откажат од нивната способност да се заштитат и бранат меѓусебно, вклучително и присуството на трупите на НАТО во источниот дел на алијансата – изјави Столтенберг.
Како и средбата во Женева во понеделникот, нема поголемо поместување на позициите, а одредена согласност има околу договор за идното вооружување, намалување на ракетната заштита и производството на нови боеви глави.
НАТО не сака да преговара за најголемите желби на Русија
Меѓутоа, НАТО едноставно не сака да зборува за најголемите желби на Русија, напишани во два предлози за безбедносни договори кои Москва ги испрати до САД и до НАТО со надеж дека ќе ја смени европската безбедносна архитектура. За НАТО нема компромис околу таа работа.
– Нема да правиме компромиси за основните принципи. Нема компромис за суверенитетот и територијалниот интегритет на секоја нација во Европа. Нема да правиме компромиси за правото на сите држави да го изберат својот пат, вклучително и безбедносните аранжмани во кои сакаат да учествуваат. И нема компромис за правото на сојузниците да се заштитат и бранат меѓусебно – рече Јенс Столтенберг.
Тој додаде дека НАТО останува подготвен за дијалог „со добра волја“, но во исто време мора да биде подготвен ако „Русија повторно избере конфронтација“.
Русија нема право на вето на Украина
– Секоја употреба на сила против Украина би била сериозна стратешка грешка на Русија, со сериозни последици, а Русија би платила висока цена – рече генералниот секретар на НАТО, кој беше уште поексплицитен во последните денови кога рече дека НАТО е подготвен за нова војна во Европа.
Дали Украина ќе биде членка на Алијансата, според Столтенберг, зависи само од неа и од 30-те сегашни членки.
– Русија нема право на вето за тоа дали Украина ќе се приклучи (на Алијансата) – додаде генералниот секретар Столтенберг.