НАТО НЕ Е ПОДГОТВЕН ЗА ВОЈНА СО РУСИЈА Ако треба да ја браниме Естонија, ќе бидеме уништени за недела дена
Ако од Британија се побара да одбрани друга земја на НАТО од Русија, на пример Естонија, нејзините сили ќе бидат уништени за „околу една недела“ од руските воздушни сили, вели генералот Баронс, според кого Британија не е спремна ни ако утре Русите испукаат крстосувачки ракети кон нивната земја.
НАТО не е подготвен за војна со Русија и треба да се срамиме од тоа, објаснува генералот Сер Ричард Баронс, шеф на командата на Алијансата од 2013 до 2016 година. Тој зборуваше на сослушување во парламентарната комисија за одбрана на Велика Британија и искажа многу критики, пишува Индепендент.
– Мојата севкупна загриженост во одговорот на тоа прашање е дека главната причина што сакаме да избегнеме војна меѓу Русија и НАТО е тоа што НАТО не е подготвен. И треба да се срамиме од тоа – рече Баронс.
Според него има две причини за неподготвеноста. Првата е дека ако Путин нападне поголеми делови од Украина, а не само источниот дел, НАТО ќе треба да ги повика земјите да се организираат.
– И тој повик би бил полесен доколку воопшто направивме какви било подготовки за да дејствуваме во тие околности со потребната брзина, а не сме направиле – рече тој.
– Втората причина (или сценарио) би била ако се случи нешто во Украина кое ќе го натера претседателот Путин да го ескалира конфликтот за своја корист во други делови на НАТО. Тогаш тоа е многу полесно прашање бидејќи ќе се соочиме со прекршување на членот 5, всушност, договорот за заемна одбрана на НАТО.
Тој продолжи:
– На самитот на НАТО во Мадрид во јуни, приоритет треба да биде „ресетирање на рамнотежата на силите со Русија“ во однос на воената способност, така што Москва „повеќе да не мисли дека може да ги поставува условите за дебата со НАТО.
– Колку што ќе биде важно градењето сили, од клучно значење е тие сили и воена опрема да бидат распоредени во вистинските области на НАТО – додаде тој.
Тобијас Елвуд, претседател на комитетот за одбрана, го праша генералот дали Британија ги има потребните одбранбени системи за да се заштити во случај на напад од Русија. Генералот Баронс одговори:
– Апсолутно не го правиме тоа.
Тој исто така рече:
– Мислам дека многу луѓе во Велика Британија не размислувале за последиците од тоа ако руски крстосувачки ракети пристигнат во Лондон … тие последици постојат и ние едноставно немаме средства да се справиме со нив и тоа со многу лоши бројки.
– Ако од Британија се побара да одбрани друга земја на НАТО од Русија, на пример Естонија, нејзините сили ќе бидат уништени за „околу една недела“ од руските воздушни сили – објаснува тој.
Велика Британија ги претстави плановите за ажурирање на своите вооружени сили во Интегрираниот безбедносен преглед минатата година. Тие вклучуваат надминување на заложбите на НАТО да троши 2 отсто од БДП за одбрана годишно, укинување на ограничувањето на арсеналот за нуклеарно оружје на Велика Британија и создавање Национална сајбер-сила за одбрана од хакерски напади.
Генералот Баронс рече дека овие планови се недоволни за справување со безбедносната ситуација со која се соочува Британија во наредните години. Тој предупреди дека тензиите со Русија би можеле да продолжат во текот на целиот 21 век.
Според него, Британија треба да ја следи Германија, која ќе потроши 100 милијарди евра за одбрана и лидер меѓу европските земји.
– Владата треба да размисли за зголемување на воените трошоци на 3 отсто во следните пет години за да ги „оживе“ вооружените сили на Велика Британија – заклучува генералот.
Додека Европа се брза да се наоружа себеси, но и да ѝ помогне на Украина со воена опрема, светот влегува во третиот месец од војната. НАТО ја поддржува Украина, но избегнува какви било активности кои би можеле да ја вовлечат Алијансата во војна со Русија.