НАТО ДА СЕ ВОЗДРЖИ ОД ОТВОРАЊЕ НА БАЛКАНСКИ ФРОНТ Во регионот е потребен дијалог и разбирање

Лавров истакна дека ставот на Москва е добро познат, а тоа е дека на регионалните проблеми им им се потребни регионални решенија, кои се темелат на инклузивни преговори, земајќи ги во предвид интересите на сите страни.

771

Русија очекува администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, дека ќе покаже доволно политичка волја и  разум, па Балканот ќе го остави по страна и дека таму нема да отвори нов фронт во антируската конфортација.

На оваа опасност по регионалната безбедност предупреди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој порача дека неговата земја своите проблеми не ги решава на сметка на другите држави и дека своите партнери ќе става пред невозможен избор во стилот – „со нас или против нас“.






Лавров истакна дека ставот на Москва е добро познат, а тоа е дека на регионалните проблеми им им се потребни регионални решенија, кои се темелат на инклузивни преговори, земајќи ги во предвид интересите на сите страни.

– Нема потреба да се бара скриена смисла во руската политика. Тоа е залудно. Со сите соработуваме на рамноправна и транспарентна основа, со взаемно уважување, на принципот на меѓународното право, пред сè на повелбата ОН – изјави Лаврот за агенцијата Тасс.

Митот за „штетното руско влијание“ е измислен вели Лавров, наведувајќи дека истиот го шират локалните русофоби, што е контапродуктивно и неправедно и предизвикува нова линија на поделбите во регионот и ѝ пречи на соработката.

Тој истакна и дека многу често на Балканот се игнорира волјата на гласачите.

– Видете до што доведе тоа во Црна Гора, која е буквално „вовлечена“ во НАТО, спротивно на волјата на мнозинството. Зошто на сила се спроведува евроатланската агенда – прашува Лавров.

Министерот испрати апел и до членките на Европската Унија да не поставуваат невозможни ултуматуми до балканските земји, од типот „или си со ЕУ или со Русија“. Лавров смета дека нема потреба за таков избори и дека тие би можеле да соработуваат со секого.

Поврзани содржини