НАСМЕАНИ РОДИТЕЛИ, ИСПЛАШЕНИ ДЕЦА Дали знаете како плашењето на децата влијае врз нивниот развој?
Што се случува во главите на родителите кои свесно ги плашат своите бебиња и малечки деца само за да снимат видеа кои ќе ги стават на социјалните мрежи? И најважно, што се случува во главите на исплашените деца?
Во изминатите години на социјалните мрежи постојано се појавуваа видеа со најразлични глупави содржини во кои родителите кршат јајца од главите на своите деца, ги заклучуваат, ги плашат маскирани со страшни маски и ги снимаат нивните реакции.
Најчесто споделувани на Тик-Ток и Инстаграм се оние кои вклучуваат родители облечени како чудовишта, духови или други страшила кои скокаат пред своите мали деца, предизвикувајќи паника, солзи и вресоци – сè со цел – неколку секунди вирална слава.
Иако некои видеа добиваат милиони прегледи и се споделуваат со насмевки и емотикони, стручњаците предупредуваат дека ваквите постапки може да имаат долгорочни последици врз психичкиот и емоционалниот развој на децата.
Шега или траума?
Можеби ним им изгледа како безопасна шега, но за децата – особено оние под 6 години – ова може да биде навистина застрашувачко искуство кое остава длабоки траги. Децата на таа возраст сè уште не се способни целосно да го разликуваат реалното од имагинарното, а лицето кое треба да им биде извор на сигурност – родителот – наеднаш се претвора во закана.
Последиците може да бидат многу посериозни од неколку минути плачење. Иако детето можеби ќе се смири по кратко време, во неговата психа може да се случат длабоки и долготрајни промени.
За некои од најстрашните можни последици можете да прочитате ТУКА.