НАСА ОБЈАВИ НОВИ СНИМКИ ОД МЕСЕЧИНАТА Леталото Орион е на половина пат до нашиот природен сателит (ГАЛЕРИЈА)
Со мисијата Артемис вселенската агенција се подготвува за можни идни човечки мисии на нашиот природен и единствен сателит, Месечината.
НАСА објави нови фотографии од леталото Орион кое е на пат кон Месечината откако беше лансирано на 16 ноември во Флорида. Снимките ги покажуваат Земјата и Месечината како и делови од ракетата. Патеката по која оди леталото е наречена „транслунарна инјекција“. Во последниот пост на Твитер, од НАСА велат дека Артемис е на половина пат до целта.
Ова е прва голема мисија на НАСА по мисиите Аполо пред неколку децении. Со мисијата Артемис вселенската агенција се подготвува за можни идни човечки мисии на нашиот природен и единствен сателит, Месечината.





