📽️ НАСА ИМ ДАДЕ ПРЕДНОСТ НА МАЧКИТЕ Видео со мачка беше проектирано на Земјата од 30 милиони километри од вселената

Ваков гест човек или астронаут сé уште не добил.

279

Американската национална вселенска агенција НАСА успеа со ласер од вселената на Земјата да испрати видео од 15 секунди, со ултра-висока резолуција, на растојание од повеќе од 30 милиони километри. А видеото прикажува мачка – животното кое луѓето го обожуваат безмалку од времето на Египет…Ваков гест човек или астронаут сé уште не добил.

Видеоснимката со мачката Тејтерс беше поставена во сондата „Сајк“ (Psyche) пред лансирањето и испратено до Земјата на 11 декември. НАСА ова го направи како експеримент за проектот „Оптичка комуникација со длабоката Вселена“ (Deep Space Optical Communications). Видеото успешно стигна до нашата планета, преку телескопот „Хејл“ во Сан Диего, САД. Проектот што чини 1,2 милијарди долари, почна во октомври оваа 2023 година.






Станува збор за шестгодишна мисија, а леталото ќе мине 3,6 милијарди километри. Неговата можна „средба“ со редок астероид богат со метали може да објасни како се формирале јадрата на карпестите планети.

Снимката беше пренесена како кодиран инфрацрвен ласер и помина растојание 80 пати поголемо од она меѓу Земјата и Месечината. На ласерот му беа потребни само 101 секунда да стигне до Земјата. Потоа беше преземен и испратен во лабораторијата на НАСА, заради навремена анализа.

Според НАСА, успешниот видеопренос е историски.

Додека сондата „Сајк“ го продолжува своето патување кон астероидниот појас меѓу Марс и Јупитер, таа ќе испраќа сигнали до Земјата. Ваквата подобрена способност за комуникација од длабоката Вселена би можела да игра клучна улога во идните вселенски истражувања, вклучувајќи ги и потенцијалните мисии на Марс.

Поврзани содржини