НАСА ГО ЛАНСИРАШЕ СВОЈОТ ТОПЛОТЕН ШТИТ Ваквите чинии ќе се користат во секоја ракета во иднина (ВИДЕО)

Ако штитовите на идните ракети носат штит како оној што денес полета, ќе издржат температура над 1.600 степени. Ова е доволно за астронаутите да бидат заштитени од поголема несреќа. Штитот би се отворал токму во моментот ракетата пред да влезе во атмосферата и да почне да согорува.

1,988

За време од 2 часа НАСА успеа да го заврши лансирањето на топлотниот штит ЛОФТИД со помош на ракетата Атлас V. По лансирањето, штитот бил успешно отворен, па спуштен во океанот во близина на Хаваи бидејќи се работи само за демонстрација на НАСА. Сепак, оваа мисија значи дека сите идни ракети што ќе се лансираат ќе можат да имаат ваков штит кој ќе го отвораат пред да влезат во атмосферата.

 






Ако нивните штитови бидат изработени како оној што денес полета, тогаш ќе издржат температура над 1.600 степени. Ова е доволно за идните астронаути да бидат заштитени од поголема несреќа.

Топлотниот штит беше лансиран заедно со метеоролошкиот сателит Joint Polar Satellite System (JPSS) кој е успешно сместен во поларната орбита. Овој сателит ќе собира податоци за времето наменети за Националната администрација за океани и атмосфери.

Па, успешна демонстрација НАСА! По толку неуспешни и одложени обиди за праќање проби на Месечината ова лансирање на 125 километри од површината на Земјата е успех.

Поврзани содржини