НАПРАВЕТЕ ПРОТЕИНСКИ ПРАШОК ДОМА За домашен протеин во прав ви требаат само 3 состојки
Направете го овој рецепт за протеински прав со мешавина од чиа, коноп и семки од тиква. Со оваа мешавина нема да имате потреба од прашоци купени од продавница, кои се згора на сè и скапи. Додадете една лажица во вашето следно смути или чинија овесна каша или пробајте го во печива за да го зголемите внесот на протеини од растителна основа.
Лесно е да направите свој протеински прав. Ви требаат чиа, коноп и семки од тиква – кои нудат протеини од растителна основа. Брзо се прави такашто можете да го прескокнете купувањето на оние огромни кутии купечки протеински прав кои ниту се вкусни, ниту пак се евтини.
Овој протеински прав одлично ќе се вклопи во вашето омилено смути или чиа пудинг, а може да се користи и во печива како мафини или леб.
Еве неколку совети од кујната на EatingWell.
Ова се клучните совети што ги научивме додека го развивавме и тестиравме овој рецепт во нашата тест-кујна за да се осигураме дека функционира, дека има одличен вкус и дека ќе биде добар и за вас, пишува EatingWell!
За најдобра текстура на протеинскиот прав, препорачуваат да користите мелница за зачини. Иако тоа значи дека се работи со помали количини, дава многу пофин резултат отколку што може да даде блендерот. Имено, тој може да ги претвори семките во путер наместо во прав.
Повеќе за ова, како и рецептот, побарајте на порталот „Арт кујна“.