РОБОТ ПРАВИ ГРИМАСИ ПОДОБРО ОД ЧОВЕК Застрашувачка е сличноста со вистинските емоции (ВИДЕО)

Компанијата го направи роботот достапен за купување и изнајмување на настани, но допрва треба да ја објави неговата цена.

579

Нов човеколик робот, единствен од својот вид, може да ги имитира изразите на лицето кои ги прават луѓето со застрашувачка точност, пишува Футуризам. Импресивниот Амека има сиво-лице кое се смее, плаче или се чуди, а добрата вест е дека сè уште не знае да оди. Компанијата „Engineered Arts“ објави видео од неговото „будење“ кое стана хит на интернет.






Амека е „платформа за развој во идните технологии за роботика“, пишува на веб-страницата на компанијата, а роботот треба да ни овозможи да ја проучуваме интеракцијата човек-робот. Тоа е многу полесно кога роботот навистина има израз на лицето како на човек.

 

„Сепак, Ameca е модуларен робот, планираме да ги надградиме (неговите) способности со текот на времето, па еден ден Амека ќе прооди“, се вели на веб-страницата на компанијата.

Компанијата го направи роботот достапен за купување и изнајмување на настани, но допрва треба да ја објави неговата цена.

Поврзани содржини