НАМИРНИЦИ КОИ ГО ПОТТИКНУВААТ ВАРЕЊЕТО И МЕТАБОЛИЗМОТ Јадете повеќе малини, бадеми, сливи, кефир…

Дигестивните проблеми предизвикуваат грчеви, мачнини, гасови и болки во стомакот. Запекот е една од најчестите болести во западните индустриски развиени земји денес.

329

Ако и вие имате проблем со надуеност, запек, мачнини или вишок на килограми, вклучете во исхраната некои од овие намирници и тие ќе ви помогнат да го решите проблемот, а поттикнувањето на метаболизмот исто така може да ви помогне да изгубите и тежина.

Малините ги движат цревата






Малините се богати со витамин Ц. Овој витамин не само што го зајакнува имунолошкиот систем, туку и го стимулира варењето. Малините исто така се полни со влакна. Тие ја стимулираат цревната активност и на тој начин го забрзуваат цревниот транзит. Друга предност е што храната богата со растителни влакна дава чувство на ситост побрзо и во исто време служи како плодно тло за позитивни цревни бактерии.

Портокали за добро варење

Портокалите содржат нарингенин, горчлива супстанца која го стимулира црниот дроб и ги отстранува маснотиите од телото. Бонус плус е витаминот Ц кој, како малините, го стимулира варењето. Само еден портокал дневно е доволен за подобрување на варењето.

Еден портокал со средна големина содржи дури три грама влакна. Во однос на исхраната, се карактеризира со тоа што, за разлика од другите агруми, е добар извор на фолна киселина, витамин од групата на витамини Б.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини