НАМЕСТО ЗЕЈТИН ИЛИ ПУТЕР, ТААН, НАМЕСТО ШЕЌЕР – МЕД И ОРЕВИ Рецепт за посни суви колачи
Овој период кога сите прават колачи, а кај вас дома се пости, навистина е предизвик да им удоволите на сите. Но пробајте ги овие, немаат шеќер и масло, туку мед и таан
Да не биде сега дека за сите колачи и други „дрндувки“ што ги правиме во нашата „Арт кујна“ велиме дека се здрави, ама се трудиме барем да не бидат од оние најнездравите, полни со маснотии и шеќери.
Освен тоа, кога некои од најблиските постат, некако, дури и ако вие не постите не ви оди да ги грабнете јајцата и путерот, туку еве вака, ќе испробувате некои други алтернативи.
Рецептот побарајте го на порталот „Арт кујна“.