НАМЕСТО СЕКИРА, ТАРТУФИ ВО МЕД! Кога ќе ви се посреќи да најдете барем една скапоцена печурка
Обично за некој кој имал среќа за нешто, велиме „му падна секирата во мед“, но кога ќе ја видите среќата на трагачите по тартуфи кога нивните вредни кучиња ќе ископаат некоја скапоцена печурка, си велиме, да ја смениме реченицата во „му паднале тартуфи во мед“… А потоа гледаме дека тие навистина го направиле тоа – спакувале нов производ полн со здравје, природен мед со тартуфи
Тартуфите се најценетите и најскапи печурки на светот и за нив и за нивните лековити својства луѓето знаат многу одамна. Кај нас, дури од неодамна. Заради високата цена се продаваат мерени на грамови или спакувани во различни деликатеси со тартуфи.
Но, како и да е, факт е дека и најобичното јадење се претвора во вистински деликатес кога во него ќе се додаде тартуф, дури и во најминимална количина.
Купувајте производи само од луѓе од доверба
Сепак, наместо во маркетите од непроверени и непознати производители, најдобро е, како и за сѐ друго, да си имате свој сигурен снабдувач, поточно, некој кој е директно вклучен во наоѓањето на тартуфи, кој е и самиот производител на деликатеси со тартуфи и за кој знаете дека ги подготвува токму со оние состојки кои се напишани на етикетата, без вештачки додатоци со арома на тартуф.
Кај нас (можеби и за среќа), тартуфарството сѐ уште не е многу распространето, а едни од првите кои почнаа да се занимаваат со ова и за чии производи со сигурност знаеме дека кога јадеме нешто со тартуфи тоа е навистина со тартуфи, се нашата соговорничка Валентина Митрова и нејзиниот сопруг Тони чии производи од тартуфи се продаваат под брендот „Туф“.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.