НАМЕСТО ДА СЕДИТЕ ПРЕД ЕКРАНИТЕ, БИДЕТЕ КОРИСНИ – ВОЛОНТЕРИ! Ако можат тие, зошто да не можеме и сите ние?!
Од денешниот настан во организација на dm, си заминавме исполнети (спакувавме по неколку кутии со нивните производи наменети за донации) и патем, одејќи назад до работното место, смисливме неколку начини на кои би можеле, наместо да си го губиме слободното време, да го вложиме во нешто корисно за сите. Токму онака како што прават вработените во ДМ, Андреј, алијас Градинарот и Филип, алијас Кеса на десет.
Иднина која инспирира, е називот на новата платформа на dm за која информиравме пред неколку дена, но дури денес имавме можност да се увериме во тоа дека станува збор за нешто навистина инспиративно.
Оваа иницијатива замислена за да ги поврзе граѓаните во заеднички општествен ангажман е токму она што му треба на нашето заспано општество. Наместо да плукаме по институциите и урламе за промени, да ги земеме работите во свои раце и да почнеме да менуваме.
Од денешниот настан во организација на dm, си заминавме некако исполнети, задоволни, среќни и полетни и тоа само затоа што сите спакувавме по некоја кутија со нивните производи, наменети за донации за Кризен центар „Надеж“ и за Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и барем за момент се почувствувавме онака како што само волонтерството и правењето добри дела можат да ве направат да се чувствувате. Патем, одејќи назад до работното место, смисливме неколку начини на кои би можеле, наместо да си го губиме слободното време, да го вложиме во нешто корисно за сите. Токму онака како што прават Андреј, алијас Градинарот и Филип, алијас Кеса на десет.
За оние кои се уште не знаат кои се тие, а искрено, и ние дознавме неодамна, тоа се двајца млади момци кои независно еден од друг, почнале да „хараат“ низ градов и да прават нешто за што повеќето други, вклучувајќи не и нас, само знаат да џавкаат? За нив ќе пишуваме повеќе во следните денови.
А токму за да има повеќе такви како нив, се грижи оваа општествено одговорна компанија – dm, чија нова платформа има за цел да ги поттикне граѓаните, организациите и заедниците активно да учествуваат во иницијативи за солидарност, еднаквост и заштита на животната средина.
Новата платформа на dm за поттикнување општествен ангажман „Иднина која инспирира“ беше претставена денес во Innox Innovation Center во Скопје, на настан кој ги обедини претставниците на граѓанскиот сектор, компаниите и активните поединци околу идејата за заедничко дејствување за подобро заедничко општество.
Станува збор за платформа која, освен во Македонија, е активна и во други 12 европски земји во кои егзистира компанијата и чија цел е да ги мотивира луѓето да го препознаат значењето на личниот придонес на секој од нас. Без оглед дали станува збор за чистење на смет, грижа за бездомни животни, бездомни луѓе, напуштени деца или стари луѓе или нешто сосема друго од што ќе има полза целата заедница.
Според организаторите, идејата произлегла од потребата да се потсетиме себеси и другите за важноста на личната одговорност и активното учество во заедницата. Промената започнува од секој од нас па затоа секој од нас треба да дејствува онаму кадешто може и сака да помогне.
Компанијата ДМ која зад иницијативата нагласи дека сака да биде партнер на заедницата, да ги поддржува добрите идеи и да создаде простор каде инспиративните иницијативи ќе можат да се развиваат и да оживеат.
Платформата ќе бара и поддржува инспиративни приказни и проекти што придонесуваат за подобрување во три клучни области: заедништво и меѓусебна поддршка, заштита на животната средина и општествен развој преку еднаквост, инклузија и образование.
Во рамки на иницијативата ќе се опфатат теми како интеграција и инклузија, образование, социјална еднаквост, критичко размислување, заштита на животната средина, како и активности поврзани со чистење на јавни површини, пошумување, рециклирање и други практики што придонесуваат за заштита на климата и природата. Дел од фокусот ќе биде ставен и на социјалната близина, поддршката за луѓе во потреба и активности кои обезбедуваат континуирана поддршка за заедницата.
Платформата е наменета и за организации и за поединци. Право на учество ќе имаат регистрирани невладини организации, здруженија, институции, училишта и единици на локална самоуправа со седиште во Македонија, како и физички лица постари од 18 години кои сакаат да споделат или реализираат сопствен волонтерски ангажман.
Па повелете, вклучете се!