НАДРЕАЛНО ВИДЕО ОД ЈУПИТЕР Луѓето нејќат да веруваат дека не е вистинско

Кевин е експерт за процесирање планетарни слики. Тој користел снимки направени од вселенската сонда Касини кој прелета покрај Јупитер во 2001 година. Касини помина за да „земе залет“ за да се упати кон крајната цел, Сатурн, па дур беше кај Јупитер ги сликаше неговите шаренолики гасни бури и невремиња.

1,073

Инженер на НАСА успеал во видео да измонтира вистински фотографии од планетата Јупитер и нејзините месечини Европа и Ио како поминуваат пред неа, пишува ИФЛ Наука. Луѓето на социјалните мрежи не можат да поверуваат дека тоа не е вистинско видео, туку збирка од кадри кои ѝ се достапни на НАСА. Всушност, вакви надреални монтажи, наречени тајмлепс има и за други планети, на пример за Марс, каде фотографиите се составуваат за да се добијат оние панорамски изгледи на црвените пејзажи на планетата.

Еве го тајмлепсот на Јупитер и неговите две месечинки од Кевин М. Гил.

 






Кевин е експерт за процесирање планетарни слики. Тој користел снимки направени од вселенската сонда Касини кој прелета покрај Јупитер во 2001 година. Касини помина за да „земе залет“ за да се упати кон крајната цел, Сатурн, па дур беше кај Јупитер ги сликаше неговите шаренолики гасни бури и невремиња.

А, еве како Кевин составил слика од Сатурн и тоа гледано во „инфрацрвено“.

 

„Движењето не е целосно точно бидејќи го направив за да изгледа поубаво отколку што беше точно“, објасни Гил на Твитер. „Тоа е наменето да го прикаже движењето видливо од вселенско летало што се движи со брзина поголема од орбитата на месечините. Така, од стационарна перспектива, Ио би се движел побрзо од Европа“.

A. еве едно од панорамските мозаици на Марс кои се составувани од многу фотографии. Тие ги фотнал роверот Кјуриосити во 2019 година.

 

Кјуриосити понекогаш прави и кадри одблиску. На пример, следниве камчиња од Марс.

Поврзани содржини