НАЦИСТИТЕ ЗЕМАЛЕ МЕТАМФЕТАМИН ПРЕД БИТКА Тоа ги направи супериорни, за на крајот дрогата да се сврти против нив

Нацистите на метамфетамин можеле да поминат повеќе од три дена без спиење и да одат и до 60 километри без прекин. Ова ја овозможи брзата окупација на Полска во 1939 година, Блицкриг преку француските Ардени во 1940 година и влегувањето на Балканот од 1941 година, кое траело 11 дена без одмор. Лекот бил дистрибуиран до сите војници, со неговото производство надминувајќи 35 милиони дози од три милиграми само во април и мај 1940 година.

2,264

Дрогата Первитин, вид на метамфетамин, е една од причините за супериорноста и надмоќта на нацистите во првите години од Втората Светска Војна, а истовремено и за нивниот пад при крајот. Еуфоријата која ја создавала оваа супстанца кај војниците, на крајот ја зафатила целата германска нација, но завршила со контраефекти. Срцеви слабости, самоубиства, погрешни воени пресметки, довеле до целосен пресврт во војната, а самиот Хитлер поради зависноста правел лоши стратегии.

Метамфетаминот има многу силно психолошко влијание. Самиот факт што човек нема потреба од сон и од храна ја зголемува довербата и чувството на семоќ. Првпат го произвеле Јапонците, но го развил Фриз Хаусчилд за да биде патентиран во Германија во 1937 година. До почетокот на војната во 1941 година Первитинот бил сосема легален да се купи како енергетски засилувач. Тогаш осамнале првите билборди за оваа супстанца.






Но, Хитлер брзо ја преземал економијата, па со Первитинот управувала државата. Неговиот личен доктор, Теодор Морел, во нацистичките архиви пишувал за тоа како цела една нација може да стане зависна од дрога. Во 2015 година, Норман Олер ја раскажал приказната во своја книга.

фото: твитер/принтскрин

Метмафетаминот и Кока-колата

Во 1938 година, Темлер започнал да го комерцијализира Первитинот и сакајќи да се натпреварува со Кока-Кола, за рекламата се договорил со познатата агенција Маthes & Son. Успехот на реклмата бил невиден. Германците, кои закрепнувале од Првата светска војна и економската криза, а се спремале за Втората, со раширени раце ја дочекале дрогата.

Первитинот бил евтин, им помагал на луѓето да работат, ширел еуфорија низ земјата. Во основа, се чинело дека има само корисни ефекти. Понекогаш дури и го мешале со чоколадо.

Брзата окупација на Полска и 11 дена на Балканот без спиење

Лекот не бил популарен само меѓу работниците. Хитлер бил запознаен со лекот и целиот Вермахт. Војниците, на пример, го примале во дневните оброци до два пати на ден, очекувајќи натприродни способности. Можеле да поминат повеќе од три дена без спиење и да одат и до 60 километри без прекин. Ова ја овозможи брзата окупација на Полска во 1939 година, Блицкриг преку француските Ардени во 1940 година и влегувањето на Балканот од 1941 година, кое траело 11 дена без одмор.

„Кога почнаа да лежат на снег за да бидат оставени да умрат, решив да им дадам Первитин. По половина час, спонтано почнаа да ми кажуваат дека се чувствуваат подобро“.

35 милиони дози за два месеци

Со ваквите сведоштва од воените команданти, архивите што ги проучувал армискиот доктор Олер откриваат колку биле задоволни од позитивните ефекти на Первитин и како барале повеќе одредби. Лекот бил дистрибуиран до сите војници, со неговото производство надминувајќи 35 милиони дози од три милиграми само во април и мај 1940 година.

За тенковските трупи на пример, „имаше јасна наредба да се користи Первитин“, често во облик на „Панцир чоколадо“. Го земале и во авијацијата, нарекувајќи го „пилотска сол“.

фото: твитер/принтскрин

Ја забраниле дрогата, но немало ефект

И покрај „натчовечките“ ефекти, уште во раните извештаи на архивите се спомнуваат многу проблеми. Исцрпеност, болка во срцето и отежнета циркулација биле најчестите од нив. Ова направило дрогата дополнително да се истражува и во 1941 да биде прогласена за опојно средство и да биде забранета да се купи на рецепт.

Меѓу редовите на војската, забраната била целосно игнорирана. Всушност, потрошувачката се зголемила за време на операцијата Барбароса, кога од јуни до декември 1941 година Хитлер проба да ја заземе СССР. Некои велат дека требало да има построги забрани за цивилно користење.

Анксиозност, депресија, халуцинации

Метамфетаминот продолжил да ја„ подгрева“ земјата до крајот на војната. Но, главен проблем било снабдувањето.

„Можеби можеш да добиеш уште малку первитин за моите резерви? Тој прави чуда“, напишал Ханрих Бол во писмо до Вермахтот додека бил на бојното поле.

Кога целата нација е зависна, снабдувањето станува уште потешко. Германците навистина колективно ги дожеале сите симптоми од зависност кои ги знаеме денес, како што се гадење, халуцинации и намалување на когнитивните капацитети, анксиозност и депресија.

Хитлер бил зависен, носел лоши стратегии

И покрај обидот на докторот Конти, висок здравен функционер во Третиот Рајх, да ја ограничи употребата на Первитин, тој не можеше да стори ништо за да ги спречи злоупотребите. Ситуацијата ескалирала со текот на годините и војниците сè повеќе умирале од срцеви слабости, или самоубиство. Контролата им се лизгала од рацете.

Според сослушувањата, пак, на доктор Теодор Морел, тоа што самиот Хитлер бил зависен од дрогата довело до лоши стратегиски избори, дозволувајќи им на сојузниците да напредуваат и, меѓу другото, да слетаат во Нормандија во познатата битка која го промени текот на војната.

 

 

Поврзани содржини