НА ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ ИНСТИТУТ СЕ ЕКСПЕРИМЕНТИРА СО МЕДОВИНА За иновативниот производ и некои трендови во земјоделството…
Марија Ѓошева-Ковачевиќ, од Земјоделскиот институт во Скопје ни раскажа за своите истражувачки активности кои се насочени главно кон развој на социоекономската состојба на руралниот сектор, со посебен акцент на руралната економска диверзификација, односно, проширување на дејноста на руралните домаќинства. Ни раскажа сѐ и за медовината која се произведува во рамки на Институтот, но и по нешто за себе и за своите навики
Во периодот кога нашата соговорничка Марија Ѓошева–Ковачевиќ се запишувала на факултет, нејзината одлука да студира на Земјоделски била прифатена со големо изненадување од блиските соученици и пријатели, кои тогаш се запишувале главно на студии на општествени науки. Сите ѝ укажувале дека изучувањето на земјоделските науки не е за оние што живеат во урбани средини.
Сепак, љубовта и размислувањето дека производството на храна и чувањето на природата е од многу посуштествено значење од сите останати науки, како за нашиот опстанок така и за опстанокот на планетата Земја, преовладале и таа се запишала на лозаро-овоштарската насока бидејќи, како што вели, е голем љубител на овошјето, грозјето и виното.
На Земјоделски не останала само додека траеле студиите, туку и кога се вработила.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.