НАЈВИСОКИОТ ЧОВЕК ВО СВЕТОТ ИМА 2,51 МЕТАР Турчинот Косен живее во посебна куќа дизајнирана за него
Покрај висината од 2,51 м., Косен влезе во Гинисовата книга на рекорди и како човек со најдолги дланки (36,5 сантиметри) и најдолги стапала (36,5 цм.). „Највисокиот човек на светот" откри дека досега посетил 127 земји во светот, а во истовреме се борел и со здравствени проблеми. Тој рече дека животот му минува под надзор на лекари, а неговото семејство живее од земјоделство.
Султан Косен од селото Дерик, близу градот Мардин, југоисточна Турција, е висок 2,51 метар и ја носи титулата „највисок човек на светот” денес.
Деновиве во неговото родно место се одржува натпревар по фотографија наречен „Национален фотосафари – Мардин”, па учесниците и членовите на жирито на овој натпревар решија да го посетат и Косен. Првиот впечаток е домот специјално осмислен за највисокиот човек на планетава.
The Tallest
The Shortest & The GreatestThe world’s tallest man, Sultan Kosen of Turkey, meets the world’s shortest woman, Jyoti Amge of India, with the great Sphinx and Khafre pyramid in the background
I give them my respect ❤️⭐️⭐️ pic.twitter.com/fQl3tKDbGn
— Feifan 非凡 (@jrdtsj168) February 20, 2022
Покрај висината од 2,51 м., Косен влезе во Гинисовата книга на рекорди и како човек со најдолги дланки (36,5 сантиметри) и најдолги стапала (36,5 цм.).
Косен им се заблагодари на фотографите за посетата и не го криеше задоволството. А, учесниците на натпреварот ја искористија оваа прилика да ја снимат и овековечат средбата.
„Највисокиот човек на светот” откри дека досега посетил 127 земји во светот, а во истовреме се борел и со здравствени проблеми. Тој рече дека животот му минува под надзор на лекари, а неговото семејство живее од земјоделство.
Турчинот е среќен, како што рече – што имал можност да патува ширум светот и да ја претставува својата земја.