НАЈТОПОЛ ЈУЛИ ВО ИСТОРИЈАТА Климатската опсерваторија регистрира екстремни температури

Првите 15 дена од јули беа најтоплите 15 дена досега... Овој месец е на пат да биде најтоплиот јули досега, изјави Карло Буонтемпо, директор на Службата за следење климатски промени Коперникус. 

406

Светот се соочува со најтоплиот јули од почетокот на мерењата, соопшти денеска климатската опсерваторија на Европската унија, во момент кога на три континенти се регистрирани екстремно високи температури на воздухот.

-Првите 15 дена од јули беа најтоплите 15 дена досега… Овој месец е на пат да биде најтоплиот јули досега, изјави за француски медиуми Карло Буонтемпо, директор на Службата за следење климатски промени Коперникус.






Милиони луѓе се изложени на постојана опасна жештина  додека секојдневно се уриваат температурни рекорди.

Светската здравствена организација предупреди дека екстремните горештини на северната хемисфера ги оптоваруваат здравствените системи и најтешко ги погодуваат најранливите категории, хронично болните и повозрасните.

Поврзани содржини