🎥 НАЈСТРОГО ЧУВАНАТА ТАЈНА ЗА МАШКАТА СЕКСУАЛНОСТ НА ВОЗРАСТ 60+ Мастурбацијата – табу или лек?

Голем дел од проблемот лежи во тоа што нашата култура, како на Запад, така и на Балканот, ретко ја прифаќа сексуалноста на постарите. Особено кај мажите, се очекува со стареењето да станат „тивки“, да се повлечат од животот, да не чувствуваат, да не сакаат. Но, науката предупредува - желбата не исчезнува, само станува потивка и ако не ја слушате, таа станува осаменост.

1,761

„74-годишен маж седеше во мојата ординација. Не трепереше од болест, туку од срам. Ми рече: Не знаев. Си нанесував штета“.

Ова е почетокот на приказната која со јавноста, во видео-прилогот што можете да го погледнете на крајот на оваа статија, ја споделува д-р Мохит Кара, уролог со 30-годишно искуство, говорејќи за тоа што мора да знаат постарите мажи за мастурбацијата, за сексуалноста и за достоинството.






Во видеото тој споделува пет „тајни“, кои, всушност, се длабоко вистинити, емотивни и медицински засновани совети, за кои, како што вели, „многу мажи би сакале да ги знаеле порано“. Но, има тука и поширока приказна: за табуата, за културниот срам и за емоционалната изолација што ја чувствуваат илјадници постари мажи во светот.

Мастурбацијата – митови, страв и вистина

Долги децении, мастурбацијата во староста беше тема за потсмев или за молчење. Многу мажи веруваат дека по одредена возраст „тоа повеќе не им припаѓа“, а некои дури се убедени дека дури е „штетно“ или „недостојно“.

Но, науката кажува поинаку. Истражувања објавени во медицински списанија, како The Journal of Sexual Medicine и Urology Times, потврдуваат дека редовната сексуална активност – вклучително и мастурбација – има корисни ефекти кај постарите мажи: го подобрува кардиоваскуларното здравје, ја одржува функцијата на простатата, ја подобрува циркулацијата и го ублажува стресот.

Сепак, начинот на кој тоа се практикува, како и психолошкиот контекст во кој се случува, има големо значење.

Пет вистини што постарите мажи требало да ги научат додека биле помлади  

  1. Ерекцијата не е мерка за машкоста

„Вашата ерекција не е целата приказна. И тоа е во ред“, вели д-р д-р Мохит Кара, уролог со искуствод од 30 години. Со возраста, ерекцијата станува помалку предвидлива, а тоа не значи крај на сексуалноста. Напротив, многу мажи откриваат дека интимноста и задоволството добиваат нов квалитет кога не се оптоварени со перформанс.

  1. Мастурбацијата е и емоционален чин

Кај многу мажи, мастурбацијата не е поврзана со сексуален нагон, туку со справување со тага, осаменост или со анксиозност. Телото, преку оргазмот, испушта хормони на среќа, кои можат да помогнат во регулирање на расположението и сонот. Проблемот настанува кога тоа станува автоматизирана, празна рутина.

  1. „Користи ја или изгуби ја важи и за сексуалната функција

Долги периоди без никаква сексуална стимулација доведуваат до физички промени – слабеење на циркулацијата, атрофија на ткивото и намалување на чувствителноста. Но, со трпелива и нежна стимулација, функциите често можат да се вратат.

  1. Порнографијата може да направи штета

Постојаното користење порнографија, особено по подоцнежна возраст, може да ја намали чувствителноста на телото на реални допири. Мозокот станува зависен од силни, визуелни стимули и почнува да реагира помалку на вистинска интимност. Д-р Кара предупредува: „Дури и кога умот сака, телото се исклучува“.

  1. Мастурбацијата не е срам – туку можност за достоинствено стареење

„Дали е сè уште во ред да се допирам?“, прашал еден 75-годишен пациент со срам. „Тоа не само што е во ред“, одговара докторот, „туку може да биде најважниот чин на самогрижа што ви преостанува“.

Мастурбацијата во зрелата возраст е начин да се одржат врската со сопственото тело, сопствената желба и сопственото достоинство.

Културата ја казнува возраста – постарите не смеат ни да помислат на секс?!

Голем дел од проблемот лежи во тоа што нашата култура – и на Запад, и на Балканот – ретко ја прифаќа сексуалноста на постарите. Особено кај мажите, се очекува со стареењето да станат „тивки“, да се повлечат од животот, да не чувствуваат, да не сакаат. Но, како што вели д-р Кара:

Желбата не исчезнува. Таа само станува потивка. Ако не ја слушате, таа станува осаменост.

Погледнете го видеото што го споделуваме подолу. Тоа е повик за враќање на достоинството во машкото стареење. Мастурбацијата – кога е свесна, не срамна, туку прифатена како дел од грижата за себе – може да биде не само начин за одржување на здравјето, туку и потсетник: сѐ уште сте живи, сѐ уште сте вредни, сѐ уште можете да чувствувате.

Поврзани содржини