НАЈСКАПОТО КАФЕ ВО СВЕТОТ СЕ ПРАВИ ОД ИЗМЕТ Приказната за мачката-ракун и зрната во Индонезија
Прво, цибет мачката очигледно е многу пребирлива и ќе ги јаде само најдобрите, најзрели зрна од кафе. Второ, дигестивните ензими на животните „ја менуваат структурата на протеините во зрната кафе, што отстранува дел од киселоста за да се направи помазна шолја кафе“, пишува Национал Географик. И трето, варењето ја отстранува целата овошна каша што понекогаш останува на зрната за време на обработката.
Најскапото кафе во светот, наречено „копи лувак“, кое чини и до 1.000 долари за килограм се прави од изметот на еден вид мачки во Индонезија. Добро не само од изметот, туку од зрното кафе кое ова животно ќе го изеде, а ќе го преработи со своите ензими и киселини. Дури, се препорачува мачката да е дива, а не одгледувана на фарма, бидејќи цената за кило така оди само до 100 долари.
Кога животното го чувате во нехумани услови и е под стрес тоа ќе влијае и на кафето, па ќе има горчлив вкус. Вака пишува репортерот Харисон Џејкобс која го посетил Бали за да проба еден филџан. Тоа го чинело меѓу 35 и 100 долари. Во сторија за БизнисИнсајдер Џејкобс открива зошто ова кафе можеби е преценето.
Мачка, ракун и стапица за туристи
„Еве зошто кафето е стапица за туристи на која не треба да наседнувате“, гласи насловот на неговиот текст. После сè, не се работи ни за вистинска мачка, туку за т.н. цибет мачка, која е комбинација од мачка и од ракун. Таа има дланки исто како човек.
Можеби кафето е толку скапо затоа што цибетските мачки ги има само во овој дел од светот? Според Џејкобс, има неколку причини зошто копи лувак е број еден.
Прво, цибет мачка очигледно е многу пребирлива и ќе ги јаде само најдобрите, најзрели зрна од кафе. Второ, дигестивните ензими на животните „ја менуваат структурата на протеините во зрната кафе, што отстранува дел од киселоста за да се направи помазна шолја кафе“, пишува Национал Географик. И трето, варењето ја отстранува целата овошна каша што понекогаш останува на зрната за време на обработката.

Кога холанѓаните не им даваа кафе на домородците
Многумина велат дека копи лувак бил откриен за време на холандското колонијално владеење, кога на индонезиските селани им било забрането да собираат цреши од кафе за сопствена употреба. Селаните морале да се шетаат наоколу за да земат зрна. Изметот на дивата цибетска мачка наводно им давал висококвалитетни, исчистени цреши од кафе без да имаат мувла или да се распаднати.
Но, ако ги земете денешните брендови на копи лувак кои се продаваат на Западот, тие се направени со многу понапредни методи, пишува Nordic Coffee Culture.
Како копи лувак се смени
Во изминатите децении, кога копи лувак беше само индонезиски специјалитет, тој беше речиси исклучиво правен од диви мачки. Животните паселе во дивината, избирајќи ги најубавите цреши во своето слободно време, а производителите на кафе потоа пребарувале низ нивниот измет.
Но, откако експертот за кафе Тони Вајлд го донесе копи лувак на Запад во раните 1990-ти како директор за кафе на „Тејлорс“ од Харогејт, сè се смени. Сега има огромна побарувачка за ова кафе. Се тргува ширум светот, а производството се прошири во Кина, Виетнам, Камбоџа и на Филипините.
Како што можете да замислите, кафето повеќе не се прави од диви цибетски мачки туку тие сега се заробени и ставени во кафези на огромни плантажи.
– Слично на паштетата од гуски, овие мачки се всушност присилно хранети со зрна од кафе – изјави Сувана Гантлет, основач на Wildlife Alliance, група за заштита на природата, за Globalpost во 2016 година.
Мачките во кафезите се осамени и имаат бројни здравствени проблеми поради исхраната со зрна кафе. Затоа тие ги џвакаат сопствените нозе и често умираат.
Го пробав, имаше земјен вкус, ништо посебно
„Кога стигнав во Бали“, пишува Џејкобс, „го посетив кафулето Сату Сату во Кангу, мал крајбрежен град. Сату Сату го добива својот копи лувак од семејната фарма на сопственикот Еди Судана од шест хектари. Познато е дека ова е едно од ретките места што сè уште ги добива своите зрна од диви цибети без да ги чува во кафези“.
Мислев дека ако треба да пробам копи лувак, барем би можел да го направам тоа на место што го прави етички. Не беше ни толку скапо. Ако добро се сеќавам, тоа беше само околу 30-40 отсто поскапо од обичното кафе во Сату Сату.
Сакам кафе. Еспресо, француска преса, Аеропрес, ладно варено, со прелив – сето тоа го пијам. Но, копи лувакот не беше ништо посебно. Имаше малку помазен вкус од просечната шолја кафе, но не и подобар од оние што сум ги имал во кое било кафуле. И да, имаше песочест, премногу земјен вкус.
Да бидам искрен, лично сум спржил подобри шолји кафе во мојот „Aeropress“. Во моментов, пиењето копи лувак е повеќе за да можете да им кажете на вашите пријатели дека сте го испиле најскапото кафе на светот отколку некаков неверојатен деликатес“, заклучува репортерот и новинар Џејкобс на својата авантура во Индонезија.