НА ШТО ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ КУПУВАЊЕТО УЧИЛИШНА ЧАНТА? Внимавајте на основното правило за тежината што ја носат децата на грбот
Тежината на самата торба е многу важна и таа не треба да надминува 10 до 15 проценти од тежината на детето. За жал, тешките чанти се глобален проблем, препознаен во многу земји во светот па да се надеваме дека во иднина ќе се преземаат сè повеќе мерки за намалување на споменатите проблеми.
Денес почна новата учебна година, а родителите, меѓу другото, ги чека и набавка на училишна чанта. Еве на што треба да внимаваат родителите при купувањето чанти за учениците.
„Родителите треба да внимаваат на големината и тежината на чантата, да е ергономски дизајнирана и изработена од квалитетен материјал. Пожелно е да има доволно прегради и џебови за да се овозможи организирање на училишните работи и рамномерно распоредување на товарот“, објаснуваат физијатрите.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.