НА ПРВ ПОГЛЕД РАЈСКА ПЛАЖА Под површината се кријат едни од најголемите „воени гробишта“ во светот (ФОТО)

Гледано од воздух, лагуната Чук изгледа како тропски рај - тиркизен корален гребен опкружен со песочни плажи и прекрасни бои на морето. Но, ако нурнете под површината, би можеле да се исплашите од големи количества урнатини од војната.

1,124

Кога човек ќе помисли дека веќе видел сѐ што постои и дека нема квадрат каде што не стапнала нога на турист, тоа ќе се појави – буквално. Некои атракции се скриени на дното на морето, а една од нив е лагуната Чук, позната и како атол Трук.

Многуте острови во овој огромен атол се крунисани со природна убавина. Надворешниот корален гребен е испрекинат со идилични песочни краци прошарани со кокосови палми. Високите острови во централната лагуна се издигнуваат во синото островско небо.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Micronesia Tour (@micronesiatour)

Се наоѓа во Тихиот Океан и припаѓа на сојузните држави Микронезија. Во современата историја, територијата била окупирана од Јапонците на почетокот на Првата светска војна, а на почетокот на Втората светска војна ја окупирале американските сили. Се подразбира дека за едно оддалечено подрачје на Пацификот овде имало бурни настани.

А, за тоа сведочи и морското дно полно со потонати воени бродови и авиони. Само во 1944 и 1945 година, американската војска соборила над 250 авиони и летала, како и повеќе од 50 бродови. Сето ова било дел од воената операција Hailstone во која животот го загубија повеќе од 4.000 Јапонци.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sidemount CCR Wreck Diver (@ww2diver)

Денес овие урнатини се заштитени со закон и во нив е забрането на каков било начин да се интервенира. Казните за ова се движат од плаќање до одење во затвор.

Имено, на некој може да му падне напамет да украде скапоцености од бродовите.

Забележано е дека го нема ѕвоното од едно од пловилата. Се испоставило дека еден од нуркачите само го преместил ѕвоното на друга локација, но притоа оштетил дел од бродот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Micronesia Tour (@micronesiatour)

Меѓутоа, на туристите им е дозволено да нуркаат и да ја истражуваат оваа област. Поточно, да се восхитуваат од безбедно растојание. Гледано од воздух, лагуната Чук изгледа како тропски рај – тиркизен корален гребен опкружен со песочни плажи и прекрасни бои на морето. Но, ако нурнете под површината, би можеле да се исплашите од количината на остатоци и урнатини од војната.

Ретко во светот може да се најдат толку многу урнатини на едно место.

Со бродовите и авионите потонале многу мини, храна, алкохол, лекови… И денес повеќето од нив спијат недопрени на морското дно, обраснати со морска трева и алги, создавајќи богат екосистем. Поради тоа, овие „воени гробишта“ станаа едно од најголемите подводни чуда во светот, како што го опишуваат многу светски медиуми.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини