НАЈПОЗНАТИОТ СЛАТКАР НА СВЕТОТ ИЗДАДЕ КНИГА СО РЕЦЕПТИ Уметност од чоколадо
Во својата книга, познатиот француски слаткар Амари Гишон, не води низ 12 од неговите најпознати чоколадни креации и споделува повеќе од шеесет рецепти, како и различни техники за подготовка на десерти.
Видеото на познатиот слаткар Амари Гишон како прави огромна жирафа целосно од чоколадо е најгледаното видео на ТикТок со дури 23,6 милиони прегледи. Имавме шанса да го гледаме Гишон и во шоуто на Нетфликс „School of Chocolate“ („Школо за чоколадо“), а секој ден ги гледаме неговите чоколадни креации на Инстаграм и се прашуваме: како го прави тоа?
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.