НАЈНОВ ОПАСЕН ТРЕНД КАЈ ДЕВОЈКИТЕ Рамни стомаци и ковчести колкови на социјалните мрежи
Дигиталната проверка на телото е најновиот тренд кај младите, а се карактеризира со непотребни снимки од нечие тело, најчесто снимка на рамен стомак. Според експертите, проверката на телото може да се опише како постојана опсесија со изгледот и големината на сопственото тело.
Дваесетиедногодишна жена инфлуенсерка постигна рекорден број прегледи за видеото на Тик Ток кое има потенцијал да има негативно влијание врз младите девојки.
Таа го започнува своето видео со снимка од својот рамен стомак и испакнати коски на колковите. Потоа ја покажува својата тежина и висина, а во коментарите следбениците веднаш почнуваат да се споредуваат со нејзините мерки, прашувајќи се зошто половината не им е толку тесна ако тежат исто како неа, пренесува „Јаху“.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.