НА НЕКОЈ МУ ТРЕБА ПОВЕЌЕ НЕГА, НА ДРУГ ПОВЕЌЕ МУАБЕТ, АМА НА СИТЕ ИМ ДАВАМЕ ЉУБОВ Младо-старата дружина во најстариот дом за стари лица

Мето и Андреј, тандемот во чии раце е сега најголемиот дел од работата во врска со управувањето на домовите за стари лица – „Феникс“, заедно немаат толку години колку најмладиот жител таму, но токму нивната младост, емпатија и љубов им го разубавуваат престојот на сите нивни дедовци и баби во трите домови под истото име

524

Како сте? Ја прашав жената која седеше во аголот од салонот на домот за стари лица „Феникс“ и некаде отсутно гледаше. Поглед кој ме потсети на оној на мајка ми која боледуваше од деменција.

На мојот допир на рамото ја крена главата, ме погледна и како едвај да чекаше некој да ѝ се обрати, ми рече: Татко ми дојде? Да, дојде, ѝ одговорив јас, а таа брзо ја смени темата. Кочо многу го сакав. Да, ѝ реков, и тој вас сигурно ве сакал. Следната реченица незнам на кого се однесуваше, дали на сопругот Кочо (подоцна, девојката која работи како психолог ми разјасни кој бил Кочо) или на таткото, ама ми кажа: Ако е во манастир добро, да не е на друго место. Ѝ кажав дека е во манастир, таа се израдува, се прекрсти и продолжи да си гледа некаде, каде што веројатно беа и ликот на нејзиниот татко кој доаѓа кон неа и оној на сопругот. Ја оставив во нејзиниот свет.






Во еден од најстарите домови за стари лица кај нас, „Феникс“, поточно, во Феникс Премиум во Капиштец дојдов откако на една средба за новинари се запознав со Мето Стевановски и Андреј Колев, тандемот во чии раце е сега најголемиот дел од работата во врска со управувањето на домовите „Феникс“.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини