НАЈМОЌНАТА ВЕРЗИЈА НА ЧАТ ГПТ ЌЕ БИДЕ БЕСПЛАТНА Еве во што ќе се разликуваат новите модели на познатиот чатбот

Mоделот ГПТ-4.5 Орион се очекува да донесе револуционерно поедноставување за корисниците. Тој ќе дава сложени и длабоки одговори од прва. Од друга страна, помоќниот ГПТ-5 треба да ги обедини способностите на сите досегашни модели, а ќе биде достапен и во бесплатна варијанта.

468

Новите верзии на познатииот чат-бот со вештачка интелигенија Чат ГПТ ќе бидат бесплатни, сугерираат најавите на првиот човек на компанијата Опен АИ, милијардерот Сем Алтман. Тој на својот профил на мрежата Икс најави дека во следните месеци доаѓаат очекуваните верзии ГПТ-4.5 и ГПТ-5.

Најголемата новост е дека ГПТ-5 ќе биде целосно бесплатен и достапен за сите корисници без ограничувања, под услов да ги почитуваат условите за користење. Сепак, корисниците на претплата за Плус и Про ќе имаат пристап до помоќна верзија на ГПТ-5, што сугерира подобри перформанси за премиум корисниците.






Од друга страна, моделот ГПТ-4.5 Орион се очекува да донесе револуционерно поедноставување за корисниците. Тој ќе дава сложени и длабоки одговори од прва. Корисниците нема да мора да ги читаат сложените анализи. Ова може да се користи во ситуации кога ви треба брз одговор, кога треба брзо да се донесе одлука или кога треба да се класифицираат информации.

Иако нема да има напредна способност за сложено размислување, неговиот фокус на брзината и прецизноста ќе го направи многу корисен за корисниците кои бараат ефикасност и удобност. Тој ќе завршува задачи без потреба од дополнителни објаснувања. Ова е пгодно за употреба ов некои индустрии.

За разлика од Орион, моделот ГПТ-5 треба да ги обедини сите клучни алатки и функционалности од претходните модели, вклучувајќи ги Canvas (простор за соработка со други корисници) и напредното пребарување со длабинска анализа.

 

Поврзани содржини