НАЈКУСАТА УЛИЦА НА СВЕТОТ Е ПОКРАТКА ОД МНОГУ КОШАРКАРИ Уличката има долга историја
Гинисовата книга на рекорди во 2006 година ја призна улицата Ебенезер плејс за најкуса улица на светот. Улицата е долга само 2,06 метри, па потребни се само 3 чекори за да се мине.
Во идиличната северна Шкотска, во живописниот приморски град Вик со богата историја, се наоѓа најкусата улица на светот Ебенезер плејс (Ebenezer Place).
Светот повторно слушна за градот Вик кога Гинисовата книга на рекорди во 2006 година ја призна улицата Ебенезер плејс за најкуса улица на светот. Улицата е долга само 2,06 метри, па потребни се само 3 чекори за да се помине.
На неа се наоѓа и хотелот „Мекејс“. Сопственичката на хотелот, Ели Ламонт, која со својот сопруг Мареј денес го води хотелот, вели дека гостите се посебно воодушевени и од светскиот рекорд меѓу другото.
Инвеститорот Александар Синклер го изградил имотот во 1883 година откако од САД се вратил во Шкотска. Се вели дека Градскиот совет му наложил на инвеститорот да го именува штотуку заградениот дел од улицата Јунион како посебна улица. Тогашниот закон наложувал така, па Ебенезер плејс во 1887 година официјално е прогласена за улица.
Градот има богата историја и како поранешно норманско село кое било меѓу најпрометните пристаништа во Европа во 19 век. Бил познат и по текстилната индустрија, односно имал и сопствена фабрика за волна. Овој шкотски град денес има богата културна сцена, со театар и со разни уметнички галерии.
Секоја година, градот Вик е домаќин на „Гала-неделата на Вик“ – седмица исполнета со концерти, изложби, спортски настани и со народни фестивали.
Ова место е и домаќин на најсеверниот мотоциклистички настан во Велика Британија, „Нордкап ендјуро“, којшто привлекува возачи од целиот свет. Во гратчето се снимаат филмови и ТВ серии како светски познатата серија „Круна“.
На второ место е улицата „Елгин“ (5,2 метри) во Бејкуп, западна Англија, според Гинисовата книга на рекорди.