НА ИНТЕРНЕТ БАРАЛ „РЕЦЕПТ“ КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД ТЕЛОТО НА АНА ВОЛШ Брајан конечно обвинет за убиство и за распарчување на телото на својата сопруга

Меѓу зборовите што Брајан наводно ги пребарувал на интернет, додаваат обвинителите, биле „колку време е потребно за труп да почне да смрди“, „како да го спречите телото да се распаѓа“ и „десет начини да се ослободите од телото“.  

732

Американецот Брајан Волш во четвртокот на 18 јануари беше официјално обвинет за убиство и за распарчување на телото на неговата сопруга Ана Волш, објавија американските медиуми.

Државното обвинителство на Масачусетс соопшти дека ДНК на Ана, како и на Брајан, биле пронајдени во траги од крвта на работите што тој ги фрлил во контејнер.






– Се верува дека Брајан Волш го распарчил телото на Ана и го фрлил – соопштија тие.

За време на сослушувањето, обвинителите рекоа дека тој направил неколку пребарувања на интернет за тоа како да го отстрани телото на Ана, во вре кога таа исчезнала, на 1 јануари годинава.

Меѓу зборовите што Брајан наводно ги пребарувал на интернет, додаваат обвинителите, биле „колку време е потребно за труп да почне да смрди“, „како да го спречите телото да се распаѓа“ и „десет начини да се ослободите од телото“. Други поими за пребарување биле „дали можеш да фрлиш делови од телото“, „што прави формалдехидот“, „колку долго трае ДНК“, „дали може да се открие нечиј идентитет од делови од телото“, „што се случува кога телото го ставаш во амонијак“.

На сослушувањето Волш молчеше, а судот оцени дека се изјасни за невин. Неговата адвокатка Трејси Мајнер на сослушувањето не побара Брајан да биде пуштен со кауција, но самоуверено изјави:

– Имам намера да го добијам овој случај на суд, а не во медиумите, кои веќе го осудија господинот Волш. Лесно е да се обвинува за кривично дело, а уште полесно е да се каже дека некој го сторил делото. Тоа е многу потешко да се докаже. Ќе видиме дали ќе успее обвинителството.

Одбраната не побара кауција, а следното судење е закажано за 9 февруари.

Ана Волш исчезна на 1 јануари рано утрото, кога требало да замине на аеродромот Логан во Бостон и оттаму да отпатува за Вашингтон на работа. Брајан беше уапсен минатиот понеделник под сомнение дека ја попречува истрагата. Но, обвинителството тогаш соопшти дека во подрумот на семејната куќа на семејството Волш биле пронајдени нож и дамки од крв. Во една продавница на 2 јануари Брајан купил селотејп средства за чистење во вредност од 450 долари.

Други детали за оваа семејна драма во претходните написи на Плусинфо:

А ШТО АКО БРАЈАН ЈА УБИЛ АНА ВОЛШ ВО НАПАД НА БЕС? Без мотивот и без телото на жртвата засега нема обвинение за убиство

БРАЈАН ЈА УБИЛ АНА ВОЛШ ЗА ПАРИ И СЕ ОСЛОБОДИЛ ОД НЕЈЗИНИОТ ТРУП?! Многу докази за мотивите, но нема директни за злосторството

Поврзани содржини