🎥 НА ГРЕТА ТУНБЕРГ Ѝ ГО ЗГРАПЧИЈА МИКРОФОНОТ Прекинат говорот на младата активистка поради поддршката за Палестина
Непосредно пред инцидентот што се случи на климатскиот протест во Амстердам, од толпата се слушнаа извици „Палестина ќе биде слободна“.
Говорот на активистката Грета Тунберг на големиот протест за климата во Амстердам вчера беше прекинат од маж кој упадна на бината. Човекот вели дека „дошол на демонстрации за климата, а не за политички ставови“ додека се обидува да го извади микрофонот од рацете на Грета Тунберг.
Непосредно пред инцидентот, од толпата се слушнаа извици „Палестина ќе биде слободна“. Претходно на собирот, организаторите го прекинаа говорот на една активистка откако таа ја употреби фразата „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“, пренесува новинската агенција Ројтерс.
No climate justice on occupied land,”
chants Greta Thunberg alongside the crowd at a “climate demonstration”. pic.twitter.com/Ez5zdrz4di
— Visegrád 24 (@visegrad24) November 12, 2023
Многу еврејски групи велат дека слоганот, користен на протестите ширум светот, е повик за уништување на Израел. Пропалестинските активисти тврдат дека повеќето луѓе кои го користат бараат да се стави крај на израелската окупација на Западниот Брег и блокадата на Газа, а не на елиминација на самиот Израел.
Откако човекот беше отстранет од бината, Тунберг се придружи на толпата во скандирањата: „Нема климатска правда во окупирана земја“.
Минатиот месец, шведската климатска активистка беше на удар на критики откако сподели пропалестински пораки на социјалните мрежи, при што некои ја обвинија дека не покажува поддршка за израелските жртви на нападите на Хамас.