📽 НАЈГОЛЕМИОТ ЈУТЈУБЕР ПРЕЖИВЕА 7 ДЕНА ЗАКОПАН ВО КОВЧЕГ ПОД ЗЕМЈА „Ѕверот“ постојано смислува нови предизвици

Американецот Џими Доналдсон, личноста што онлајн светот ја познава како MrBeast, е најголемиот јутјубер на планетата - а и најбогатиот. Тој повторно го изненади светот со видео кое за само 4 дена собра 76 милиони прегледи.

615

Поминал седум дена жив закопан во ковчег во гроб, под 9 тони земја. Тоа е новото видео на еден од најпознатите јутјубери во светот, 25-годишниот Мистер Бист (MrBeast).

 






Во ковчегот имал храна, вода и шишиња за нужда, а биле поставени и камери во случај нешто да тргне наопаку, за подоцна да им покаже се на своите обожаватели.

„Ова е крајно опасно, луѓето мора постојано да ме посматраат“, изјави тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MrBeast (@mrbeast)

„Ѕверот“ објасни дека се трудел да спие што е можно повеќе, за да го сочува своето ментално здравје. Исто така, тој морал да му вети на својот лекар дека ќе се движи секој ден, за да не добие згрутчување на крвта.

Видеото за четири дена собра невероијатни 76 милиони прегледи. На крајот од видеото, јутјуберот плаче од возбуда.

Пред две години, MrBeast се обиде со сличен предизвик. Помина закопан 50 часа, а со својот нов потфат постави рекорд.

 

Јутјубер број 1 на планетата

Американецот Џими Доналдсон, личноста што онлајн светот ја познава како MrBeast, е најголемиот јутјубер на планетата – а и најбогатиот.

Во ноември 2022 година, Форбс процени дека тој заработил 54 милиони долари (42,5 милиони фунти), само за една година – сите пари од платформата, комбинирајќи ги приходите од реклами од видеата и спонзорските договори. Оттогаш, тој доби 60 милиони повеќе претплатници на неговиот главен канал.

Има и неколку други канали, со десетици милиони претплатници, вклучувајќи еден за филантропија и еден за видео игри.

Сепак, не е јасно колку пари, всушност, става во џебот.

Но, Доналдсон стана познат по тоа што ги враќа парите што ги заработува во своите ултраскапи видеа, од кои за некои се потребни милиони за да се продуцираат. Тој изјави дека ја реинвестира секоја пара што ја заработува.

Токму овој пристап кон содржината објаснува зошто американскиот јутјубер привлекува толку голема публика – затоа што инвестира и целосно се посветува на она што го работи.

Стивен Бриџис, јутјубер со 470.000 претплатници, изјави за Би-Би-Си дека креативноста на Доналдсон е таа што го поттикнала и него.

„Мислам дека интересната работа за MrBeast е неговата апсолутна посветеност да го направи она што тој го смета за најдобро можно видео. Кога тој прикачува, луѓето кликнуваат. Тие знаат дека кога ќе кликнат на видеото на MrBeast, гледаат производ во кој се вложени многу напори за да биде навистина забавен“, објаснува јутјуберот.

Многу заработува, но е голем филантроп

Доналдсон е познат по својата филантропија, како и по многу други деловни потфати. Тој има лиценцирана добротворна организација, која функционира како банка за храна за заедниците низ САД. Тој помогна да се соберат десетици милиони долари за помош на животната средина.

И покрај синџирот за брза храна MrBeast Burger – потфат од кој сега се обидува да се повлече – тој лансираше и низа закуски наречени Feastables.

Видеата на Доналдсон тешко може да се категоризираат. Тие вообичаено вклучуваат предизвик, како на пример видео часови за преживување на Антарктикот, или големи парични награди – на пример, игра со криенка за 1 милион долари.

Неговото најпознато видео до сега, со 472 милиони прегледи, го „праработи“ хитот на Нетфликс Squid Game во реалниот живот, а имаше и награден фонд од 456.000 долари.

 

Поврзани содржини