📽 НАЈГОЛЕМИОТ ПОДВОДЕН ТУНЕЛ ВО СВЕТОТ ЌЕ ИМА И КРУЖНИ ТЕКОВИ Норвежаните знаат како да ги исечат карпестите фјордови

Во Норвешка се произведуваат тунели прилично евтино, во споредба со мостовите кои поврзуваат острови. Земјата веќе има околу 40 подводни патнички тунели.

898

Норвешка го гради Рогфаст, најголемиот подводен тунел во светот кој ќе има и две раскрсници и со два кружни текови. Целта на најамбициозниот инженерски подвиг во Европа во моментот е да го скрати времето за патување меѓу два големи града, Ставангер и Берген, за 40 минути.

Тунелот долг 26,7 километри и длабок 390 метри под морето, во својата најниска кота, треба да биде завршен во 2033 година. Рогфаст ќе ги сече норвешките фјордови под морето. Тоа е клучната разлика од овој тунел со врската која ја градат Германија и Данска.






– Патувате низ цврста карпа. Имаме минимум 50 метри карпа помеѓу покривот на тунелот и морското дно, што е она што го бараат нашите прописи. Кај нас тунелот оди под морското дно. Кај тунелот меѓу Германија и Данска, тие ставаат монтажни цевки на дното, ноне одат под дното како ние – изјави за „Еуроњуз“ Одвар Кармо, менаџер на проектот.

Тој вели дека во Норвешка се произведуваат тунели прилично евтино, во споредба со мостовите кои поврзуваат острови. Земјата веќе има околу 40 подводни патнички тунели.

Поврзани содржини