НАЈГОЛЕМИОТ МАЧОР НА СВЕТОТ Има 12,5 кила и сака да се гали (ВИДЕО)

Навечер сака да се качува на мене и да спие. Кога беше маче, тоа не ми правеше непријатности. Но, сега тој стана голем и тежок и, се разбира, тешко е да се спие така, вели Јулија која живее во рускиот град Оскол.

2,062

 

Има мачки, големи мачки, а потоа и огромниот мачорот на Јулија Минина од рускиот град Оскол, кој некои го мешаат со куче од што е голем. Се вика Кефир и уште ќе расте. Има нешто помалку до две години, а припаѓа на расата Мејн Кун.






– Не можев ни да помислам дека едно обично бебе може да стане толку големо. Тој не само што порасна големи на изглед, туку е и многу паметен и секогаш се однесува смирено – рече Јулија, цитирана од The Mirror.

 

Кефирот тежи 12,5 килограми, а неговата должина не е наведена, но е очигледно подолг од домашна мачка. Според Јулија тој не е воопшто страшен и има „поглед на човек“.

– Кога пријателите и познаниците доаѓаат во куќата – целото внимание е на него и тој доброволно дозволува да биде гален – вели таа.

 

Меѓутоа кога во куќата доаѓаат странци кои никогаш претходно не го виделе, тие остануваат збунети од кралското суштество кое ги поздравува од вратата.

– Но, кога ќе дојдат странци во куќата, сите прво го мешаат со куче – вели Јулија и додава:

– Тој има уште една навика. Навечер сака да се качува на мене и да спие. Кога беше маче, тоа не ми правеше непријатности. Но, сега тој стана голем и тежок и, се разбира, тешко е да се спие така.

Мачките од Мејн Кун можат да пораснат да бидат едни од најголемите домашни мачки во светот и генерално се сметаат за најголема домашна раса на мачки. Како што сугерира самото име, расата потекнува од државата Мејн, која се смета за една од најстарите домашни раси во Северна Америка.

Поврзани содржини