НАЈГОЛЕМИОТ ГРЕВ Е ШТО СИ СЕ ПРЕДАЛ СЕБЕСИ На денешен ден починал големиот Достоевски
Твојот најголем грев е што си се уништил и си се предал себеси за ништо, гласи една од максимите во Злосторство и казна.
Големиот Фјодор Достоевски, руски писател починал на денешен ден од белодробно крварење. Тој спаѓа во групата на руски класици кои во моментот се под лупа во медиумите поради обидите да бидат санкционирани поради војната во Украина. Сепак, неговите дела се универзални, а на смртната постела се верува дека последни зборови му биле цитат од Библијата, Матеj 3:14-15.
Познат како писателот-психолог на човечката душа, кој за малку ќе бил отстрелан од властите поради наводно учество во бунтовничка група која го критикувала царот и руската армија, Достоевски поминува четири години на Сибир враќајки се кон изворната руска православна традиција и нејзините теолошки проблесоци во тогашното совремие. По сензибилитетот и нештата кои ги истражувал кај човелката природа тој е во група заедно со Сартр, Ниче, неговите романи се предвесник на егзистенцијализмот и во книжевната наука постои консензус за нивната вредност.
По излегувањето од Сибир двапати се женел. Се коцкал. Имал четири деца. Две од нив починале во детството, а две ја преживеале и Болшевичката револуциија. Синот Фјодор пробал да стане писател, но не се прославил. Работел како возач на трамвај. Ќерката наречена Љубов емигрирала во Европа и го издала мемоарот „Достоевски во сеќавањата на неговата ќерка“.
Еве некои од впечатливите сентенци на Достоевски:
Твојот најголем грев е што си се уништил и си се предал себеси за ништо.
Човекот е мистерија: ако го поминете целиот свој живот обидувајќи се да го отфрлите, тогаш не кажувајте дека залудно сте го потрошиле времето.
Најмудар од сите, според мене, е тој што може, макар и само еднаш месечно, да се нарече будала – нечуен факултет во денешно време.
Преземањето нов чекор, изговарањето нов збор, е она од што луѓето најмногу се плашат.
Прифатете го страдањето и постигнете помирување преку него – тоа е она што треба да го направите.
Будала со срце и без разум е исто толку несреќна како будала со разум и без срце.
Принцот вели дека светот ќе го спаси убавината! И јас тврдам дека причината поради која има такви игриви идеи е тоа што е заљубен.
Човекот е несреќен затоа што не знае дека е среќен. Само затоа.
Ако си покајник, сакаш. И ако сакаш, од Бога си. Сè се помирува, сè се спасува со љубов.
Има ли на целиот свет суштество кое би имало право да простува и би можело да простува?
Што е пеколот? Тврдам дека тоа е страдање од неможноста да се сака.
Да се биде заљубен не е исто што и да сакаш. Можеш да бидеш заљубен во жена, а сепак да ја мразиш.
Ако го избркаат Бога од земјата, ќе го засолниме под земја.