НАЈГОЛЕМАТА ВЕРТИКАЛНА ЗЕЛЕНЧУКОВА ГРАДИНА ВО СВЕТОТ Е ВО ДУБАИ Може да произведе над 900.000 килограми зеленчук годишно

Најголемата вертикална зеленчукова градина може да произведе повеќе од 900.000 килограми зеленчук годишно, а се простира на површина од 330.000 квадратни стапки (30.658 квадратни метри).

485

Како што климата во многу делови од светот станува потопла и посува, станува сè поклучно да се најдат иновативни начини за одгледување храна.

Вертикалното земјоделство е едно решение што е широко прифатено, со фарми кои никнуваат насекаде, од Холандија до Пенсилванија, Сингапур…
Обединетите Арапски Емирати – едно од најжешките, најсувите места што можете да ги најдете – има неколку постоечки вертикални фарми, но минатата недела беше отворена најголемата досега.






Со површина од 330.000 квадратни стапки (30.658 квадратни метри), што е повеќе простор од три квадратни градски блока – ЕКО 1 не само што е најголемата вертикална фарма во ОАЕ, туку и најголемата во светот.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини