НАЈГОЛЕМА ЖЕЛБА МИ Е ДА ДОТРЧА КАЈ МЕНЕ И ДА МИ РЕЧЕ МАМО! Животот на една мајка на дете со посебни потреби

Не плачи за мене мамо, јас сум тука до тебе, само сакај ме заради тоа што сум различна од другите деца и целиот свет ќе ме сака. Ова се зборовите на една мајка на дете со посебни потреби, зборови во кои се наоѓаат и сите други кои ја делат истата судбина. Нашата соговорничка е само една од многуте

647

Анастасија Митреска е мајка на три деца, најстарата, Маријана, завршила фармација и од неодамна веќе не живее со нив бидејќи се омажила, Стефан е деветто одделение, а најмалата, Атанасија, има 9 години и е дете со церебрална парализа и идиопатска епилепсија.

, Токму поради неа сега Анастасија има многу нови пријателки кои и самите се родители на деца со посебни потреби. Она што една од нејзините пријателки кои ја делат истата судбина со неа го напишала за својата ќерка, Анастасија вели дека важи за сите нив, но не може да нè не допре и нас останатите.






„Не плачи за мене мамо, јас сум токму тука покрај тебе. Можеби не ги споделувам моите зборови и мисли гласно, но срцето го споделувам секоја минута. Не плачи за мене мамо, можеби сум различна од другите деца, но ти ми покажуваш секој ден колку различното е убаво. Не плачи за мене мамо, посилна сум отколку што мислиш, се соочувам со светот и со сите тешкотии во него, знаејќи дека си зад мене. Не плачи за мене мамо, можеби немам многу другарчиња, но оние кои ме познаваат ме сакаат целосно. Не плачи за мене мамо, знам дека се плашиш, знам дека се плашиш од непознатите денови, ќе бидам добро, ти ме научи добро. Не плачи за мене мамо, ја гледам убавината во животот што другите не ја гледаат и никогаш нема да ја дознаат. Не плачи за мене мамо, јас сум тука до тебе, само сакај ме заради тоа што сум различна од другите деца и целиот свет ќе ме сака“.

Овие зборови на нејзината пријателка се она што и самата Анастасија, но и сите други родители на деца со посебни потреби, без оглед на дијагнозата, го чувствуваат, нè поттикнаа повторно да побараме некои од нив кои ќе сакаат да ја споделат својата приказна. Ќе ни раскажат за себе и за своите деца и ќе нè научат како да ги сакаме и да бидеме тука за нив и сите ние како луѓе и целата држава која ги има сите потребни механизми да направи нешто за подобар живот на овие деца и нивните семејства.

Ова е нејзината приказна

Со Анастасија зборувавме токму на нејзиниот роденден, па таа ја сподели со нас и својата најголема роденденска желба.

„Најголема желба ми е еден ден Атанасија да дотрча во моите прегратки и да ми рече мамо! Се надевам дека ќе успееме. Атанасија направи 9 години. Почна да лази. Секој мал напредок е за нас неизмерна радост“, ја почна својата приказна Анастасија токму оттука, од својата најголема желба за иднината, па наназад, до моментот кога нејзиниот и животот на целото семејство се срушил за повторно да почнат да го градат на една нова основа и со сосема нови вредности и желби.

Прочитајте го целиот текст на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини