НА ГИНЕКОЛОГИЈА СЕ РОДИ БЕБЕ ВО АМНИОНСКА ОБВИВКА Бебето има и близнак (Сензитивни фотографии)
Станува збор за двојајчана близначка бременост, што значи дека двете бебиња имаат посебни амнионски обвивки и посебни постелки, а породувањето било извршено со царски рез.
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, денеска било родено женско бебе-близнак заедно со амнионска обвивка.
Родилката со близначка бременост се породила во 34-тата гестациска недела. Станува збор за двојајчана близначка бременост, што значи дека двете бебиња имаат посебни амнионски обвивки и посебни постелки, а породувањето било извршено со царски рез.
Повеќе за ова и уште фотографии побарајте на порталот „Мајка и дете“.