СОЛЕНИТЕ ШЕГИ НА ПУТИН Вицот за шпионот, за Германците, за песимистот и за оптимистот…(ВИДЕО)

Не е битно што правите на првата брачна ноќ, крајниот резултат е битен, ѝ вели Путин на Меркел во панел-дискусија запрашан за тоа како би изгледала една евроазиска унија меѓу Русија и Европа, налик на брак меѓу Истокот и Западот.

2,300

Шефот на Руската Федерација има свои шеговити моменти, а некои од нив, иако ретки, се добро документирани. И покрај тврдиот машки имиџ на Владимир Путин и крвавите случувања во Украина, тој знае да биде смешен и со хумор да ги разоружа своите соговорници. Во една прилика, возбудена преведувачка од Азија цело време зборува како не може да поверува дека се сретнала со претседателот, за кој толку читала, Путин ја прекинува и вели:

– А, сега, сакаш да те штипнам?  – на што публиката прснува во смеа.






Смешен или не, еве ги најдобрите мајтапштини на Путин според едно популарно јутјуб-видео.

Првата брачна ноќ

– Не е битно што правите на првата брачна ноќ, крајниот резултат е битен – ѝ вели Путин на Меркел во панел-дискусија запрашан за тоа како би изгледала една евроазиска унија меѓу Русија и Европа, налик на брак меѓу Истокот и Западот.

Путин додаде и дека „постојат многу анегдоти како една таква унија би била направена“.

Песимистот и оптимистот

– Во Русија имаме една анегдота – вели Путин во еден настап. – Песимистот пие чаша коњак и вели, „ух, мириса на бубачки“. Оптимистот пак, фаќа бубачка на ѕидот, ја смачкува со раката, ја помирисува и си вели, „ух, мириса на коњак“. Јас попрво би бил песимист кој пие коњак, отколку оптимист кој мириса бубачки.

Луѓето се смеат.

– Но, наша задача е да не го злоупотребуваме алкохолот – додава Путин.

 Германци, на дрва ли ќе се греете?

 Путин зборува на една конференција:

– Не знам зошто некој Германец не би ја сакал нуклеарната енергија. Не разбирам како ќе ги загревате своите куќи на зима. Гасот не го сакате, нуклеарната енергија не ја развивате, со дрва ли ќе се греете? За тоа исто ќе морате да одите до Сибир. Ме разбирате? Немате ни дрва.

Виц за шпионот

 Човек доаѓа во седиштето на КГБ, познато како зграда Љубљанка и вели:

– Се предавам, јас сум шпион.

– Чиј шпион си? – го прашуваат.

– Американски.

– Во ред, одете во соба 5 – му велат.

Човекот влегува во соба 5.

– Здраво, имате и оружје?

– Да.

– Уф, тогаш одете во соба 7.

Човекот оди во соба 7.

– Здраво, освен оружје, имате опрема за прислушување?

– Имам.

– Ова е сериозно, одете во собата 11.

Човекот изнервиран оди во соба 11.

– Шпион сум, имам оружје, имам ова, имам она, сакам да се предадам.

– А, имате ли задача, некаква мисија?

– Да.

– Епа одете исполнувајте ја, не им се мешајте на луѓето во работата.

Санкциите за хомосексуалност

 Владата на Путин донесе закон за забрана за хомосексуални бракови. Путин зборуваше:

– Околу пропагандата за хомосексуалност. Не е прашање за воведување санкции на хомосексуалност, или пак за….( и тука Путин се мисли)…или за….епа, знаете за што зборувам – вели претседателот.

Да беше Берлускони хомосексуалец

На една панел-дискусија запрашан за тоа што мисли за Берлускони, на кој му се судеше за коруција Путин ќе рече:

– На Берлускони сега му се суди затоа што живее со жени, но да беше хомосексуалец никој немаше прст да покаже кон него.

Порошенко да ги врати парите

Прашан што тој мисли за Петро Порошенко, некогашниот претседател на Украина, кој е проруски ориентиран, Путин вели:

– А, да разговараме во конкретни термини? Украинците ни должат три ипол милијарди. Вратете ни ги парите. За да можеме потоа да разговараме. Така ќе создадеме пријатни услови за разговор.

Путин зборува германски

– Претседателе Путин, Украина во 1914 година ѝ припаѓаше на Австрија – го запрашува еднаш новинарот Кристофер Литл.

– Како тоа мислите? – му возвраќа Путин на германски, подбивајќи се со прашањето.

Путин знае добро Германски бидејќи работел како КГБ агент во Источна Германија.

– Имате ли нешто да предложите во врска со ова? – продолжува Путин на германски засмејувајќи ги присутните без да го дочека прашањето.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани содржини